Познати жени кои не се откажале од своите цели и станале успешни подоцна во животот

Мерил Стрип

Кога Мерил отишла на аудиција за „King Kong“, ѝ рекле дека е многу грда за да добие улога.

Нејзината професионална кариера започнала дури кога актерката имала 26, а успеа да се пробие на холивудската сцена на 29 години.

Денес Мерил го држи рекордот за најмногу номинации за Оскар.

poznati-zheni-koi-ne-se-otkazhale-od-svoite-sonishta-i-stanale-uspeshni-podocna-vo-zhivotot-09.jpg

Кристина Хендрикс

Уште на 24-годишна возраст, Кристина се појавувала во некои телевизиски серии. Но, светот дозна за неа кога ја доби улогата во „Mad Men“, на 32-годишна возраст.

Денес актерката има 6 номинации за Primetime Emmy Award, а има добиено две Screen Actors Guild Award.

poznati-zheni-koi-ne-se-otkazhale-od-svoite-sonishta-i-stanale-uspeshni-podocna-vo-zhivotot-10.jpg

Тина Феј

Пред да стане автор за Saturday Night Live, Тина работела ако рецепционерка.

Актерката имала околу 29 години кога стана првата жена главен автор на SNL.

На 34 години таа го напиша сценариото за „Mean Girls“, а на 38 е закити со наградите Golden Globe, Screen Actors Guild Award и Emmy.

poznati-zheni-koi-ne-se-otkazhale-od-svoite-sonishta-i-stanale-uspeshni-podocna-vo-zhivotot-11.jpg

Џулија Чајлд

Џулија е најпозната по тоа што им ја претстави француската кујна на американците со нејзината книга со рецепти.

Интересно е што таа не ни знаела да готви сè додека не го запознала сопругот.

На 39-годишна возраст таа завршила на познатото училиште за готвење Cordon Bleu, а една деценија подоцна беше издадена нејзината книга.

Кога го направи нејзино кулинарско шоу, Џулија веќе имаше 50 години.

poznati-zheni-koi-ne-se-otkazhale-od-svoite-sonishta-i-stanale-uspeshni-podocna-vo-zhivotot-12.jpg

Шерил Кроу

Најпрво, Шерил работела како наставничка по музика, а потоа успеала да стане бек вокал на пејачи како Род Стјуарт.

Првиот деби албум го снимала на 29 години, но проектот пропаднал. Две години подоцна, Шерил конечно го издаде деби албумот и полека почна да се прославува.

До денес, таа има добиено 9 Греми награди.

poznati-zheni-koi-ne-se-otkazhale-od-svoite-sonishta-i-stanale-uspeshni-podocna-vo-zhivotot-13.jpg

Кери Вашингтон

Кери можеби ја почнала актерската кариера на 17 години, но и ѝ биле потребни осум години да почне да заработува доволно од актерството.

Актерката успеа да се пробие на 35-годишна возраст, откако се појави во серијата „Scandal“.

poznati-zheni-koi-ne-se-otkazhale-od-svoite-sonishta-i-stanale-uspeshni-podocna-vo-zhivotot-14.jpg

Марија Кири

Проблемите на Марија започнале уште кога сакала да се запише на факултет – не ја примиле на Универзитетот во Варшава бидејќи била жена.

Но, ова не ја спречило, па на 36-годишна возраст таа стана првата жена со Нобелова награда.

poznati-zheni-koi-ne-se-otkazhale-od-svoite-sonishta-i-stanale-uspeshni-podocna-vo-zhivotot-15.jpg

Сузан Бојл

Сузан ја трошела целата нејзина заштеда за да испрати снимки од нејзиното пеење до разни продукциски куќи.

Кога дошло време да се пријави на аудиција за Britain’s Got Talent, таа се двоумела бидејќи со 47 години, сметала дека е премногу стара.

За среќа, се предомислила, а нејзиниот прв албум се наоѓаше на првото место на Билборд листата цели шест недели.

poznati-zheni-koi-ne-se-otkazhale-od-svoite-sonishta-i-stanale-uspeshni-podocna-vo-zhivotot-16.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg