Зошто треба да ја прифатите вашата „мрачна страна“ и што можете да научите од неа?
Дури и да сме најдобрата личност на светот, нормално е да имаме „мрачна страна“ или, како што рекол Карл Јунг - сенка. Оваа сенка се всушност нашите негативни емоции, но и карактеристики, кои упорно ги потиснуваме, наместо да работиме на нив. А, со ова не си правиме никакво добро.
Кога Карл Јунг го прашале пред да умре дали има надеж за човештвото, тој го кажал следното: „Само ако доволно луѓе на оваа планета се посветат на внатрешно работење со сенката.“
Според Јунг, сенката ја претставува нашата „мрачна страна“ - сè што се обидуваме да негираме или скриеме од другите и од самите себе.
Што е нашата сенка?
Сенката ја претставува нашата „мрачна страна“ - емоциите и карактеристиките како омраза, гнев, срам, вина, страв, љубомора, завист, себичност...
Скоро сите сме воспитани да се однесуваме добро, но неретко ова вклучува потиснување на негативните емоции и криење на личните карактеристики кои не ни се допаѓаат ни нам.
Додека растеме, добиваме пофалби за доброто, примерно однесување, додека многумина биле и казнувани ако покажат негативна емоција.
Бидејќи како деца не сме имале можност да ги изразиме мислите, емоциите, проблемите или конфликтите, стануваме тажни, депресивни, лути, исплашени возрасни лица, со лажни насмевки кои „секогаш се чувствуваат добро“.
И токму затоа правиме сѐ за да избегаме од „сенката“, а некогаш и си штетиме - претеруваме со алкохол, работиме прекувремено, со часови гледаме серии за да не размислуваме за ништо...
Како можете да ја прифатите вашата „мрачна страна“?
Можете да започнете со тоа што ќе ги прифатите сите ваши емоции, вклучувајќи ги и „негативните“.
Прво мора да го го разберете фактот дека не постои емоција што е погрешна. Истовремено, не заборавајте дека за секоја лоша емоција, постои причина која ќе ја најдете само ако ја прифатите емоцијата.
Следно, поставете си неколку прашања:
- Што чувствувам во моментот?
- Каде е тоа чувство/сензација/емоција во моето тело?
- Што ме тера да се чувствувам вака?
- Кој или што влијае врз мене да се чувствувам вака?
Кога ќе го утврдите изворот на лошата емоција, па и лошата карактеристика што сакате да ја искорените, многу полесно ќе се ослободите од неа.
Можете да ги користите истите прашања за да им пристапите на сите ваши негативни емоции и карактеристики.
Ашера | Црнобело