Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 топли, божиќни честитки за најубавиот празничен ден

Честит Божиќ! Христовото раѓање е еден од најголемите празници кои го задоволство ги прославуваме.

10-topli-bozikni-cestitki-01.jpg

Ова е ден за семејството, ден за љубов, ден за полна трпеза, ден за мир во душата. Каде и да си, за Бадник дома да си. А за Божиќ со најсаканите.

Честитајте го со една од нашите 10 топли, божиќни честитки:

Нека ве грее огнот на среќата, нека душата ви биде исполнета со топлина, срцето со милост, очите со светлина. Нека радоста ве води, Христос се роди.

Простете им на оние коишто ви згрешиле, побарајте прошка од оние на кои сте им нанеле тага и неправда. Во мирната божиќна ноќ, нека во вашето срце се всели радост, љубов и надеж. Честит Божиќ.

Доброто со добро нека се враќа, лошото нека стане далечен спомен. Каде и да чекорите нека ве следи божјата милост, а домот нека ви биде исполнет со среќа и благосостојба.

Нека бадниковата вечер го избрише сето она што сакаш да го заборавиш, а божиќното утро ти донесе здравје, среќа, љубов и божји благослов!

Светла ѕвезда патот нека ви го води, денес е Божиќ – Христос се роди!

На овој светол ден почувствувај го светото присуство, вкуси ја бескрајната љубов и дозволи да се всели во срцето, во домот, насекаде околу тебе. Честит Божиќ.

Нека празникот ви дарува богата трпеза, полно срце, чисти мисли, бистар ум. Божиќ доаѓа, ни се приближува Бог.

Да се обидеме да ја зачуваме божиќната магија во текот на целата година, за да бидеме подобри, да сакаме посилно и да правиме по едно мало чудо секој ден. Среќен Божиќ!

Воздухот е исполнет со радост, мирот и топлината царуваат во нашите срца. Да нè служи здравјето подолго за да уживаме секоја година во божиќното чудо.

Вербата, надежта и љубовта нека бидат нашите ѕвезди водилки во овој чудесен, божиќен ден. Милоста божја нека ве облее, нека душата ви се искапе во празнична светлина. Честит Божиќ.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пораки за Божиќ со кои може да им го честитате празникот на блиските Ако барате божиќни честитки и пораки, со кои ќе им го честитате големиот празник...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg