Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Легендата за Иштар, првата божица на љубовта и војната

Од Афродита до Чудесна жена, сè уште нè фасцинираат моќните женски протагонисти. Овој интерес може да се проследи до најраните пишани записи. Иштар (зборот доаѓа од акадски јазик, позната е и под името Инана) е првото божество за кое имаме напишани докази.

Legendata za Istar prvata bozica na ljubovta i vojnata 01

Таа била тесно поврзана со романтична љубов, фамилијарна љубов, љубовните врски меѓу заедниците и сексуалната љубов.

Таа била и воинствено божество со силен капацитет за одмазда. Иштар е љубовно божество кое е застрашувачко и на бојното поле.

Нејзината убавина била предмет на љубовната поезија, а нејзиниот бес се споредувал со деструктивната бура. Ова е легендата за божицата Иштар, првата божица на љубовта и војната.

Најраните песни за Иштар биле напишани од Енхедуана, првиот индивидуално идентифициран автор. Енхедуана е историска личност која живеела во Ур, еден од најстарите урбани центри на светот.

Таа била свештеничка на богот на месечината и ќерка на Саргон од Акад, првиот владетел кој ја обединил северната и јужната Месопотамија.

Во нејзината поезија ја открива различноста на Иштар, вклучувајќи го и нејзиниот капацитет за вооружени конфликти. На бојното поле, способноста на божицата да ги решава судбините обезбедувала победи. Во љубовната магија, моќта на Иштар можела да ги смени романтичните чувства.

Иштар е опишана како убава, млада жена. Со нејзиниот љубовник, Тамуз, чинат протагонисти на една од првите љубовни приказни во светот.

Legendata za Istar prvata bozica na ljubovta i vojnata 02

Најпознатата приказна за Иштар започнува со одлуката на божицата да го посети царството на нејзината сестра, Ерешигал, кралицата на подземјето. Иштар наводно ја посетува сестрата за да ја оплакува смртта на нејзиниот зет, кој се појавува во Епот за Гилгамеш.

Но другите богови во приказната го гледаат овој потег како обид за преземање, бидејќи Иштар била позната како исклучително амбициозна божица.

Откако ќе пристигне во домот на Ерешигал, Иштар се спушта низ седумте порти во подземјето. На секоја порта е наложено да се отстрани облеката. Кога пристигнува пред својата сестра, Иштар е гола, а Ерешигал веднаш ја убива.

Legendata za Istar prvata bozica na ljubovta i vojnata 03

Нејзината смрт има ужасни последици - прекинување на сексуална интимност и плодност. Еа, богот на мудроста, ја оживува Иштар и ја враќа во горниот свет.

Во горниот свет Иштар го гледа Тамуз, нејзиниот маж, како се релаксира на тронот, очигледно недопрен од нејзината смрт. Бесна им наредува на демоните да го убијат. Улогата на Иштар во смртта на нејзиниот сопруг ѝ ја дава репутацијата на божица со одмазлива природа.

Жените и одмаздата се покажале како популарна комбинација во митовите на античка Грција и во Рим. Оваа тема ја фасцинира публиката до денешен ден.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg