Како месеците од годината го добиле своето име?

Дали некогаш сте се запрашале како месеците од годината го добиле своето име?

kako-mesecite-od-godinata-go-dobile-svoeto-ime-01.jpg

Во именувањето на месеците биле вклучени Богови, кралеви и броеви. Некои месеци не започнувале по ист редослед како денес.

Дознајте според кој или што месеците го добиле своето име кое се користи и денес.

Јануари

Јануари не бил првиот месец во нашиот календар. За античките Римјани годината започнувала во март, а завршувала десет месеци подоцна, во декември. Во меѓувреме, јануари и февруари со векови немале официјални имиња.

Кога кралот Помпилиус го реорганизирал римскиот календар, околу 690 п.н.е., тој го користел името Јануари според римскиот бог Јанус, бог на портите и почетоците.

Февруари

Старите Римјани секогаш го славеле крајот на годината со фестивалот наречен Фебруа. Во 1582 година папата Григориј го сменил почетокот на годината во 1 јануари во повеќето западни земји.

Британија и американските колонии продолжиле да ја слават новата година во февруари до 1752 година.

Март

Според традиција Римјаните ги спуштале своите мечеви во името на мирот со прекин на борба во текот на јануари и февруари (два месеца помеѓу старата и новата година).

Војните секогаш продолжувале во март, кој го добил своето име според римскиот бог на војната - Марс.

kako-mesecite-od-godinata-go-dobile-svoeto-ime-02.jpeg

Април

Верувале или не, изворот на името април со векови ги вознемирувал историчарите. Бидејќи ова е вториот месец во древниот римски календар, некои тврдат дека името потекнува од латинскиот збор за „втори“.

Другите веруваат дека името е поврзано со терминот „aperire“, што значи „отворени“ на латински. Некои шпекулираат дека април бил именуван по грчката божица на љубовта и убавината, Афродита.

Точно е дека никој всушност не го знае точното потекло на ова име.

Мај

Мај е именуван според грчката божица Маја, заштитничка на природата и растенија. Според грчката митологија, Маја била ќерка на Атлас, титан кој го носел светот на рамениците. Таа, исто така, била позната како божицата на Земјата.

Јуни

Името јуни потекнува од римската божица на љубовта и бракот - Јунона. Јунона била омажена за главниот римски бог, Јупитер, а се сметала за кралица на боговите.

Јули

Бидејќи античкиот римски календар започнувал во март, јули бил петтиот месец од годината.

Месецот бил нарекуван „Kuintilis“, што на латински значи „петти“. Но, во 44-от век пред новата ера, јули бил преименуван во чест на Јулиј Цезар, чиј роденден бил во тој месец.

Август

Изворот на името август е сличен на оној на јули. Август претходно бил познат како „Sektillia“, латинско име за „шест“, но подоцна бил именуван според Цезар Август, кој бил императорот на Рим.

kako-mesecite-od-godinata-go-dobile-svoeto-ime-03.jpg

Септември

Како седми месец во древниот римски календар, септември е именуван според латинскиот збор „septem“, што значи „седум“.

Октомври

Латинскиот корен „octo“ е вообичаен во нашиот секојдневен речник. Тоа значи „осум“. Римјаните го сметале октомври за осми месец од годината.

Ноември

Латинскиот збор „novem“ значи девет.

Декември

Модерните и древните римски календари имаат нешто заедничко: и двата календари крајот на годината го означуваат со декември.

Името декември потекнува од латинскиот збор „decem“, односно десет.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg