10 најспектакуларни портрети во историјата на уметноста
Како посебен отсек во сликарството, портретот ни дава можност да се сретнеме со различни карактери и нивни интимни приказни.
Портрет означува претставување на одреден човек. Покрај надворешноста сличност треба да се нагласат и психолошките карактеристики на оној кој ги портретира.
Функцијата на портретот е да претставува одредена личност и да го зачува сеќавањето за неа.
Дознајте нешто повеќе за овие 10 портрети од историјата на уметноста и познатите сликари кои стојат зад нив:
1. Портрет на Арнолфините - Јан ван Ајк, 1434
Сликата или портретот на брачната двојка е воедно и најпознатото дело на фламанскиот сликар.
Јан ван Ајк му припаѓал на ренесансниот период, а ова уметничко дело се смета за негово најкомплексно дело. Самиот ван Ајк се гледа во огледалото на ѕидот.
2. Американска готика - Грант Вуд, 1930 година
Уметникот, всушност, бил инспириран од нео-готската куќа што ја видел во еден град во државата Ајова. Потоа ги замислил луѓето кои би можеле да живеат во неа.
За да ги наслика му позирале неговата сестра и еден стоматолог. На еден многу спонтан начин се роди една од најважните слики на американската уметност.
3. Аранжман во сива и црна бр. 1 - Џејмс Абот Макнил Вислер, 1871
За да го наслика овој портрет, на Вислер му позирала неговата мајка, Ана. Поради ова, сликата често се нарекува и мајката на Вислер.
Во тоа време, Ана имала 67 години, а поради композицијата, боите и погледот во далечината сликата станала предмет на многу психолошки дебати.
4. Портрет на Адел Блох Бауер - Густав Климт, 1907
Австрискиот сликар ја постигнал светската слава со „златната фаза“, која се смета за неговата најпродуктивна фаза.
Поради тоа овој портрет е познат и како Жена во злато.
Во 1941 година, нацистите го украле овој портрет, по што внукот на Адел се борел 7 години за да го врати во семејството.
5.Т алкачот над морето на маглата - Каспар Давид Фридрих, 1819
Во овој случај портретот укажува на природното пространство и неизвесноста што ја носи животот.
Иако не го гледаме лицето на протагонистот го гледаме пејзажот со неговите очи.
Уште 5 на следната страна...
Би можело да ве интересира:





