5-те најпознати изгубени технологии за кои уште не знаеме како настанале
Светот никогаш не бил повеќе технолошки напреден отколку што е сега, но тоа не значи дека некои технологии не се изгубени на патот.
Многу од технологиите и античките пронајдоци едноставно исчезнаа со текот на времето, додека другите сè уште се обидуваме да ги разбереме.
Ова се петте најпознати примери на изгубената технологија:
Страдивари Виолини
Една од загубените технологии е процесот на правење на виолини (и уште некои други инструменти) кои имаат најквалитетен звук. Виолините Страдивари биле произведени од семејството Страдивари во Италија, а бидејќи е невозможно да се реплицира квалитетот на звукот што го произведуваат, овие виолини станале светски познати.
Денес, постојат само околу 600 Страдивари инструменти, а вредат неколку стотици илјади долари.
Како е оваа технологија изгубена?
Техниката за изработка на инструментите му била позната само на Антонио Страдивари и неговите синови. Истражувачите испробувале многу техники за репродукција на овој процес на изработка, од печурке со кои ги обликувале инструментите, до тезата дека густината на дрвото е одговорна за убавиот и уникатниот звук.
Механизам од Антикитера
Едно од најстарите археолошки наоди е механизам од Антикитера. Се работи за бронзена машина откриена од нуркачи на грчкиот остров Антикитера во раните 1900-ти.
Механизмот се состои од 30 степени на пренос, а може да се манипулира со адаптирање на астрономските положби на Сонцето, Месечината и другите планети. Уредот е пронајден меѓу остатоците од бродоломот, а се претпоставува дека датира од 1 или 2 век п.н.е.
Неговата вистинска намена сè уште не е целосно позната, а мистеријата зад изградбата и употребата на машината со години ги збунува научниците. Се смета дека механизмот од Антикитера е часовник кој може да ја пресмета лунарната фаза, поради што го нарекуваат и „прв аналоген компјутер“.
Како е оваа технологија изгубена?
Софистицираноста и прецизноста во дизајнот на механизмот сугерираат дека ова не бил единствениот уред од овој тип. Многу научници претпоставуваат дека неговата употреба била распространета. Сепак, нема наоди за постоењето на други уреди како што е Механизмот од Антикитера.
Првите историски записи за овој уред потекнуваат од 14 век, што би значело дека оваа технологија била изгубена речиси 1.400 години. Зошто и како - најверојатно ќе остане тајна.
Челик од Дамаск
Челик од Дамаск е неверојатно силен вид на метал кој се користел во Блискиот Исток, во периодот од 1100 - 1700 година. Сечилата направени од овој челик биле познати по нивната неверојатна сила, а можеле да сечат камења и метал.
Се верува дека се правел од два вида на челик: еден од Индија, а друг од Шри Ланка, кои потоа биле стопени и споени.
Како е оваа технологија изгубена?
Овој процес на производство на челик исчезна пред 1750 години п.н.е. Точната причина засега е непозната, но постојат неколку теории. Најпопуларната е дека ги снема минералите потребни за изработката, па ковачите биле принудени да развиваат други техники. Втора теорија е дека, всушност, челикот од Дамаск бил откриен случајно и дека ковачите немале некоја посебна техника.
Челик од Дамаск е една од оние технологии кои модерната наука сè уште не успеала целосно да го репродуцира. Постојат ножеви и мечеви за кои се тврди дека се направени од челикот од Дамаск, но се работи за реплики. Оваа мистериозна технологија е изгубена веќе илјадници години.
Батерија од Багдад
Овие чудни артефакти се откриени во 1936 година, за време на археолошките ископувања во селото Khuyut Rabbou, 20 километри југоисточно од центарот на Багдад.
Реконструкцијата на овој уред покажа дека би можеле да генерираат електрична енергија во опсег од 0,4 до 1,9 волти. Се разбира, некои научници ги оспоруваат овие тврдења, тврдејќи дека реконструкциите се неточни.
Како е оваа технологија изгубена?
Никој не знае зошто се користеле овие уреди, иако повеќето докази сугерираат дека биле користени за галванизација на украсни предмети. Иако не е утврдено дека артефактот беше батерија, доколку се докаже истото, батеријата од Багдад ќе стане најстарата батерија во светот.
Грчки оган (Морски оган)
Можеби најпознатата изгубена технологија е грчкиот оган, запалививото оружје кое го користеле војниците од Византија, а се работи за примитивна форма на напалм.
Ова оружје се користело во одбраната на Константинопол од нападите на арапските освојувачи.
Можело да се користи на повеќе начини, во стаклени тегли како „молотов коктел“ и како гигантска бронзена цевка монтирана на воените бродови од кои се пукало на другите бродови.
Како е оваа технологија изгубена?
Најблискиот соработник на грчкиот оган, напалм, не бил усовршен до почетокот на 1940-тите години, што значи дека оваа технологија била изгубена неколку стотици години.
Оружјето исчезна по падот на Византиската империја, а научниците со години се обидуваа да ја најдат магичната формула со која беше направено. Оружјето веројатно бил коктел од нафта и други хемикалии, вклучувајќи калциум оксид, калиум нитрат или сулфур.
Ашера | Црнобело