Совршено за оние кои патуваат
Во Дубаи се инсталирани околу 70 т.н. боксови за спиење. Нивните димензии се 2m x 1,40m x 2,30m, така што, можете да спиете удобно и сигурно. Ова е...
...евтин начин на спиење во случај да мора да чекате на аеродромот, без разлика дали сте богати или сиромашни. Нема да губите време барајќи хотел.
Дизајнирани се за да може да бидат лесно поставени на аеродроми, железнички станици, централни јавни места и оние делови во градовите каде сместувањата најчесто се пополнети.
Просторот вклучува кревет, постелнина, вентилација, аларм, ЛЦД телевизор, простор за вашиот лаптоп, WiFi и полнач за мобилен.
Плаќањето се врши на терминалите каде добивате електронски клуч кој може да се закупи најмалку за 15 минути, а најмногу за онолку колку имате потреба.