Митови за преживување во кои веруваме заради филмовите, а не треба

Зошто не треба да верувате во советите за преживување што ги гледате на телевизија? Во кои случаи зовриената вода е безбедна за пиење?

mitovi-za-prezhivuvanje-vo-koi-veruvame-zaradi-filmovite-a-ne-treba-01.jpg

Колкупати ви се случило да гледате филмови и да си помислите дека она што таму го прават главните херои е сосема безбедно и дека сега знаете што треба да направите ако случајно се најдете во слична ситуација?

Верувале или не, можно е постапката што сте ја виделе да биде само мит и воопшто да нема никаква вистина во неа.

Дополнително, во филмовите не ги објаснуваат ситните детали, што лесно може да ве чинат живот.

Во кои филмски митови за преживување не треба да верувате?

За да се стоплите можете да запалите оган и во пештера

На прв поглед оваа идеја ви се чини мошне безбедна, или романтична… Но, вистината е дека високата температура од огнот ќе ги затопли ѕидовите и тие може да почнат да се шират.

Заради ова, можнa е појава на одрони во пештерата.

Затоа, оган може да се пали само на отворен простор.

mitovi-za-prezhivuvanje-vo-koi-veruvame-zaradi-filmovite-a-ne-treba-09.jpg

Можете да јадете свежо уловена незготвена риба или месо

Филмовите не ви прикажуваат како изгледаат инфекциите и труењето предизвикано од бактериите и микроорганизмите во суровото месо.

Ако се најдете во дивина каде што немате пристап до болница или медицинска помош, не смеете да ризикувате и да консумирате сурово месо.

Во најмала рака, неопходно е месото да се испече пред да го консумирате.

mitovi-za-prezhivuvanje-vo-koi-veruvame-zaradi-filmovite-a-ne-treba-07.jpg

Гледањето емисии за преживување ќе ве подготви за вистинска авантура во дивината

Кога гледате реални шоуа за преживување треба да се присетите дека на нив работи цел тим, и постојано има луѓе што се таму со цел да пружат помош.

Исто така, постојат режисери, продуценти и сценаристи чијашто цел е да направат емисијата да изгледа поатрактивна.

Тоа што ги гледате документарните филмови за преживување не ве подготвува за живот во дивина.

mitovi-za-prezhivuvanje-vo-koi-veruvame-zaradi-filmovite-a-ne-treba-02.jpg

Сварената вода е безбедна за пиење

Вриењето на водата може да ги убие бактериите, но нема да ги отстрани другите штетни елементи. Водата од мочуриште никогаш нема да биде безбедна за пиење, без разлика на тоа колку ја вриете.

Неопходно е таа прво да се филтрира со помош на чиста ткаенина и да се отстранат штетните елементи, па потоа да се врие.

mitovi-za-prezhivuvanje-vo-koi-veruvame-zaradi-filmovite-a-ne-treba-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
6 потсетници за миговите кога мислите дека треба да се откажете од големите соништа Не заборавајте дека најголемите соништа не стануваат реалност преку ноќ и мора д...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg