Љубов + кафе + Италија
Познатиот производител на кафе, Lavazza, изработи романтичен календар за 2011 година. Снимањето на календарот е популарен облик на промоција...
...на некоја марка. Секси календарите за Пирели се едни од најлегендарните.
Lavazza овој пат се одлучи за романтичен и сензуален, ексклузивен календар. Сликите раскажуваат 6 приказни направени на 6 различни локации низ Италија, вклучувајќи го и балконот на Ромео и Јулија во Верона.
Но, иако изгледа на реално патување низ земјата на кафето, тестенините и пицата, всушност е снимено во едно студио со креативна сценографија и додатни ефекти.
Lavazza својот календар го издава веќе 19 години и тоа во лимитирана количина. Еве како поминало ова интересно снимање.