Како да откриете дали купувате оригинал или ви продаваат копија од познатите брендови?

Патики Adidas, часовници на брендот Tissot, но и iPhone мобилни - како да препознаете дали некој пробува да ви продаде копија од познат бренд?

kako-da-otkriete-dali-kupuvate-original-ili-vi-prodavaat-kopija-od-poznatite-brendovi-01.jpg

Брендираните производи се најчесто скапи и не секој може да си ги дозволи.

А кога на пазарот ќе се појави копија која е значително поевтина, многумина решаваат да ја купат неа, дури и без да се свесни дека не станува збор за оригинал.

Копиите не се толку квалитетни и побрзо се уништуваат, а некои може да бидат дури и опасни, ако се произведени несоодветно.

Кои брендови на пазарот најлесно и најмногу се копираат и како да го препознаете оригиналот од копијата?

iPhone

За да ја проверите автентичноста на телефонот, треба да го знаете IMEI бројот, т.е бројот на Меѓународно идентификување на мобилната опрема, а за моделите на iPhone тој број е *#06#.

Овој број споредете го со бројот кој е напишан на кутијата, па ако бројките не се совпаѓаат, тогаш некој пробува да ви продаде копија.

kako-da-otkriete-dali-kupuvate-original-ili-vi-prodavaat-kopija-od-poznatite-brendovi-09.jpg

Јакни The North Face

Разликата меѓу оригиналот и копијата е во логото на јакната - кај оригиналот трите бели линии завршуваат во иста линија, а кај копиите средната бела линија е малку подолга од другите две.

kako-da-otkriete-dali-kupuvate-original-ili-vi-prodavaat-kopija-od-poznatite-brendovi-12.jpg

Чанти Chanel

Овие чанти се надалеку познати по својот одличен квалитет, па затоа и оние што ги прават копиите, внимаваат многу на деталите.

Копијата најлесно ќе ја откриете преку металната шнола - ако двете букви C не се тридимензионални или ако десната буква С не е поставена преку левата - тогаш станува збор за копија.

kako-da-otkriete-dali-kupuvate-original-ili-vi-prodavaat-kopija-od-poznatite-brendovi-02.jpg

Гуми Michelin

Гумите кои не се оригинал се трошат побрзо. Но тоа ќе го забележите по некое време, а не при самото купување.

За да дознаете дали купувате оригинал, погледнете ги гумите отстрана - таму Michelin го става логото на компанијата, информации за производот и датумот на производство.

Ако овие букви се матни или малку искривени - тогаш станува збор за копија.

kako-da-otkriete-dali-kupuvate-original-ili-vi-prodavaat-kopija-od-poznatite-brendovi-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
Поминала 6 часа на -20˚C и замрзнала, но била спасена: Како преживеала Џин Хилијард од Минесота? Во 1980-та, Џин Хилијард од Минесота замрзнала „како коцка мраз“ откако поминала...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
„Се вљубив во маж онлајн – братучетка ми се криела зад профилот“: Детали за најдолгата интернет изма... Кират Аси од Лондон девет години мислела дека е во врска со доктор кој го запозн...
Како да препознаете оригинален Victoria’s Secret спреј за тело и уште 5 други производи? Дали знаете како да препознаете дали парфемот што го купувате е оригинален или д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg