„Момчето и пијаното“ - Емотивната, божиќна реклама на John Lewis е тука (видео)
Веројатно најомилената божиќна реклама која традиционално секоја година нетрпеливо ја очекува целиот свет е онаа на John Lewis.
Досега во повеќе наврати нивните приказни успеаја да ни ги стоплат срцата до солзи, а оваа 2018-та година, ја раскажуваат животната приказна и музичкото издигнување на Елтон Џон.
Рекламата започнува како 4-годишниот Елтон Џон го одвиткува своето прво пијано, кое го добил како божиќен подарок.
Фантастични сегменти од неговиот живот и кариера преточени во 2-минутна божиќна реклама.
Уште еднаш, симнуваме капа пред идејата и реализацијата на John Lewis!
https://www.youtube.com/watch?v=mNbSgMEZ_Tw
Потсетете се и на минатогодишните реклами:
2017 година
2016 година
2015 година
2014 година
2013 година
М. Д. | Црнобело