5 личности кои се прославија поради нивната (мистериозна) смрт
Џон Бене Ремзи стана светски позната само поради чудните околности на нејзината смрт. На само 6-годишна возраст, девојчето било пронајдено мртво во нејзиниот дом, а со години родителите важеа за главни осомничени.
Колку и да звучи морбидно, некои луѓе навистина стануваат славни по нивната смрт, најчесто поради околностите во кои починале.
А, низ историјата, вакви случаи имало безброј.
Неколку луѓе од помодерната историја кои се прославија поради нивната смрт:
Кристофер Мекендлс
Американецот Кристофер Мекендлс бил фасциниран од номадскиот начин на живот и по завршувањето на факултетот, тргнал на патување низ Северна Америка.
Во 1992-ра, решил да оди во Алјаска, без скоро никаква опрема, со цел да живее во дивината користејќи ги само тамошните ресурси.
Но, условите во Алјаска се сурови за неискусните и Кристофер, иако имал пропатувано многу, не знаел скоро ништо за околниот жив свет.
Но, незнаењето не го одвратило од намерата, па во област на Алјаска, тој нашол напуштен автобус кој го претворил во свое засолниште каде живеел неколку месеци.
Без храна и луѓе кои можат да му помогнат, Кристофер починал од глад во август 1992 година.
Неговото тело било случајно пронајдено од ловец околу еден месец подоцна и тежело едвај 30 килограми.
Следната година, во магазинот Оutside беше објавена сторија за неговиот случај, која, пак, стана инспирација за книгата Into the Wild.
Во 2007-ма, Шон Пен сними филм според книгата и Кристофер, но и автобусот во којшто живеел, станаа светска сензација.
Џон Бене Рамзи
Иако во САД била колку-толку популарна, 6-годишната Џон Бене Рамзи стана светски позната по нејзината мистериозна смрт.
Џон Бене учествувала на детски натпревари за убавина и ѝ предвидувале блескава кариера како модел и изведувач.
Но, на 6-годишна возраст, нејзината мајка пријавила дека е исчезната.
Мајка ѝ нашла писмо, наводно од киднаперите кои барале 118.000 долари откуп за да ја вратат.
Полицијата дошла во домот, но не извршиле соодветно пребарување, па само неколку часа подоцна, Џон Бене била најдена мртва во подрумот.
Пронаоѓачот бил татко ѝ, поради што тој и маката на Џон Бене станале главни осомничени.
По некое време тие биле тргнати од листата на осомничени, но поради чудните околности и фактот што случајот е отворен до денес, Џон Бене Ремзи стана светски позната личност.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





