5 личности кои се прославија поради нивната (мистериозна) смрт

Ана Франк

Ана Франк била најобично девојче кое станало жртва на холокаустот за време на Втората светска војна, како и милиони други Евреи и луѓе од малцинства.

Но, денес Ана Франк е заслужна за еден од најдеталните описи за животот на Евреите за време на холокаустот.

Додека со семејството се криеле во Амстердам, Ана речиси секојдневно пишувала во својот дневник за своите мисли, чувства и животот во скривница.

5-lichnosti-koi-se-proslavija-poradi-nivnata-misteriozna-smrt-06.JPG

За жал, Ана и целото семејство, освен татко ѝ, биле однесени во логор каде што и умреле.

Подоцна, татко ѝ го издал нејзиниот дневник за да ја ѝ ја исполни желбата да стане писателка, но и за да му покаже на светот низ што поминале бројни луѓе.

Денес „Дневникот на Ана Франк“ е една од најпознатите книги во светот.

Прочитајте и: Сонувала да стане писателка, починала од тифус во логор: Детали од животот на Ана Франк

5-lichnosti-koi-se-proslavija-poradi-nivnata-misteriozna-smrt-07.JPG

Селена Перез

Селена Перез била популарна во потесните кругови на латино изведувачите, главно со публика од САД и Мексико.

Поради нејзиното убиство, а подоцна и филмот со Џеј Ло во главната улога, стана голем дел од поп културата.

Во период кога нејзината кариера се движела во нагорна линија, Селена била убиена.

5-lichnosti-koi-se-proslavija-poradi-nivnata-misteriozna-smrt-08.JPG

Тогаш 23-годишната пејачка била жртва на жена која ѝ била и обожавателка, и пријателка, но и вид соработничка.

Жената што ја убила, Јоланда, отслужува доживотна казна затвор, но во 2025-та, 30 години по убиството, ќе може да бара сослушување за условно ослободување.

Сепак, бидејќи Селена имала армија фанови, многумина сметаат дека за Јоланда е побезбедно да остане во затвор, бидејќи постои ризик некој од обожавателите на пејачката да сака да се одмазди.

Прочитајте и: Детали за трагичната смрт на пејачката Селена: Другарка ѝ ја уби на 23 години, сега сака да биде ослободена

5-lichnosti-koi-se-proslavija-poradi-nivnata-misteriozna-smrt-09.JPG

Габи Петито

Во 2021 година, Габи Петито и нејзиниот свршеник Брајан тргнале на патување низ САД со комбе.

21-годишната девојка сакала да стане патувачка инфлуенсерка, снимајќи видеа од нивниот живот на тркала.

Со Брајан планирале да патуваат четири месеци, но кон крајот на август Габи исчезнала.

Брајан се вратил дома со комбето, но одбивал да разговара со родителите на Габи и полицијата.

Бидејќи за Габи не било својствено да не им се јави на родителите, неколку дена подоцна надлежните отвориле истрага.

5-lichnosti-koi-se-proslavija-poradi-nivnata-misteriozna-smrt-10.JPG

Дотогаш случајот се прослави не само во САД, туку и низ целиот свет и јавноста беше сигурна дека Брајан е одговорен за исчезнувањето на девојката.

На 13-ти септември исчезна и Брајан, а една недела подоцна, телото на Габи беше пронајдено во шума во Вајоминг.

Обдукцијата покажала дека Габи имала повреди на главата и била задавена, најверојатно од Брајан.

Телото на свршеникот беше пронајдено дури кон крајот на октомври и надлежните потврдија дека извршил самоубиство.

Оставил и порака во која го признал убиството.

За убиството се зборуваше многу, особено на социјалните мрежи, а неодамна случајот беше претставен и на документарец на Нетфликс – American Murder: Gabby Petito.

5-lichnosti-koi-se-proslavija-poradi-nivnata-misteriozna-smrt-11.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg