Титула, персонал, емоционална стабилност: 7 работи кои принцезата Дијана ги изгубила по разводот

Принцезата Дијана имала многу бенефити од бракот со принцот Чарлс, живеела кралски живот и имала многу време и пари за да се посвети на она што го сака.

titula-personal-emocionalna-stabilnost-7-raboti-koi-princezata-dijana-gi-izgubila-po-razvodot-01.jpg

Сепак, таа покрај многуте работи кои ги добила, исто така има и такви кои ги изгубила, како што е приватноста (нејзината борба со булимијата која е една од најпознатите во историјата), нејзината гордост (нејзиниот принц бил заљубен и имал афера со Камила Паркер Боулс), како и нејзиното достоинство (кога нејзината лична афера била објавена во медиумите).

titula-personal-emocionalna-stabilnost-7-raboti-koi-princezata-dijana-gi-izgubila-po-razvodot-02.jpg

Но, со разводот од принцот Чарлс, Дијана изгубила уште многу други работи и загубите само се таложеле.

Според авторот на „The Diana Chronicles“ и други извори, погледнете што изгубила таа со разводот:

Нејзината титула

Додека била мажена за принцот Чарлс, Дијана била позната како Нејзиното Височество. Со тоа што ја изгубила нејзината титула, таа била должна да се поклонува пред оние со титула, вклучувајќи ги нејзиниот поранешен сопруг, другите роднини, па дури и пред сопствените синови.

Иако кралицата Елизабета сакала да дозволи да ја задржи титулата, принцот Чарлс инсистирал да се откаже од неа, а нејзиниот син Вилијам ѝ ветил дека кога ќе стане крал ќе ѝ ја врати.

Сепак, во остатокот од животот (1 година и 3 дена), таа била позната како Дијана, принцезата од Велс.

Нејзиниот буџет за патување

Членовите на кралското семејство добиваат огромен буџет за патувања и опции да престојуваат на скапи и ексклузивни локации, но многу од овие луксузи за Дијана завршија со разводот.

Покрај другите ограничувања, патувањата на Дијана во странство, освен ако не биле приватни одмори, морало да се потпишат од кралицата.

Нејзината канцеларија

Со разводот, Дијана морала да се откаже од нејзината канцеларија во St. James палатата (веднаш до канцеларијата на принцот Чарлс).

Сепак, ѝ било овозможено да ја задржи канцеларијата во Кензингтонската палата.

titula-personal-emocionalna-stabilnost-7-raboti-koi-princezata-dijana-gi-izgubila-po-razvodot-04.jpg

Голем дел од нејзиниот персонал

Персоналот на Дијана во Кензингтонската палата бил намален на тројца – чистач, готвач и вработен за облекување.

Така батлерот играл голема улога во нејзиниот живот, бидејќи истовремено ѝ бил личен асистент, возач, доставувач, доверувач и рамо за плачење.

titula-personal-emocionalna-stabilnost-7-raboti-koi-princezata-dijana-gi-izgubila-po-razvodot-05.jpg

Полициска заштита

За време на нејзиниот брак, безбедноста на Дијана била од големо значење, но по разводот, таа користела полициска заштита само кога присуствувала на јавни настани.

Љубовта на нејзиниот живот

Во 1995-та, Дијана се заљубила во хирургот за срце, Хаснат Кан. Таа го обожавала и го нарекувала љубовта на нејзиниот живот, а дури и размислувала да оди со него да живее во Пакистан.

Сепак, врската завршила годината по разводот со принцот, како жртва на јавниот интерес во приватниот живот на Дијана.

Според изворите, принцезата го уценила Кан да ја направат врската јавна, во спротивно дека нивното нема да успее, па така, не успеало и се разделиле.

titula-personal-emocionalna-stabilnost-7-raboti-koi-princezata-dijana-gi-izgubila-po-razvodot-06.jpg

Нејзината емоционална стабилност

Во месеците пред смртта, Дијана се чувствувала како постојано да ја шпионираат, се плашела дека ја прислушкуваат и дека ќе ја убијат, а се сомневала дури и во сопствените чувари.

Таа дури се сомневала дека ќе биде убиена во сценирана сообраќајна незгода, како што всушност и загина, а зад неа остави два сакани сина и скршеното срце на докторот Кан.

titula-personal-emocionalna-stabilnost-7-raboti-koi-princezata-dijana-gi-izgubila-po-razvodot-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg