Елки-освежувачи, чепкалки за уши - секојдневни предмети за кои никогаш не сте се запрашале кога се измислени

Предметите коишто ги користиме во секојдневието најчесто ги земаме здраво за готово и ретко кој од нас размислил дека овие едноставни помагала во еден период од историјата не биле достапни за луѓето.

Sekojdnevni-predmeti-za-koi-nikogas-ne-ste-se-zaprasale-koga-se-izmisleni-01.jpg

Секојдневно се сретнуваме со овие предмети, но дали некогаш сте се запрашале кога за прв пат се појавиле или кој ги измислил?

Елки-освежувачи за автомобили и простории

Измислени во: 1952 г.

Изумител: Џулиус Саман

Елките освежувачи на воздух денес можат да се најдат во речиси секој автомобил. Овие мали дрвца станаа синоним за свеж мирис и користени автомобили. 

Овие елкички се измислени од Џулиус Саман во 1952 год. и оттогаш го обезбедија своето место во поп културата и во познати филмови како што се The Fisher Kind, Seven и Repo Man.

Sekojdnevni-predmeti-za-koi-nikogas-ne-ste-se-zaprasale-koga-se-izmisleni (1).jpg

„Стикери“

Измислени во: 1968 г.

Изумител: Арт Фрај / Спенсер Силвер

Додека се обидувал да измисли супер силно лепило, Д-р Спенсер Силвер не сакајќи креирал нешто сосема спротивно, односно лепило коешто може да се нанесе, отстрани и повторно да се нанесе, без да направи штета на објектот на којшто се лепи.

Тој најпрвин се обидел да го продава само како лепило, но во 1974 година, Арт Фрај го слушнал Силвер како зборува за неговиот изум и многу брзо добил идеја да го нанесе лепилото на парче хартија и така да ги креира „стикерите“.

Sekojdnevni-predmeti-za-koi-nikogas-ne-ste-se-zaprasale-koga-se-izmisleni (8).jpg

Полароид камера

Измислена во: 1948 г.

Изумител: Едвин Ленд

Едвин Ленд, основачот на Полароид, го измислил инстант-филмот во 1947 год. Една година подоцна ја пуштил во продажба и првата комерцијална инстант-камера, Ленд камерата. 

Иако веќе постоеле и други инстант-камери пред Ленд камерата, тие повеќе наликувале на портабл темни соби, отколку на камери за носење во рака.

Sekojdnevni-predmeti-za-koi-nikogas-ne-ste-se-zaprasale-koga-se-izmisleni (5).jpg

Стапчиња за уши

Измислени во: 1920 г.

Изумител: Лео Герстензанг

Лео Герстензанг ги направил првите стапчиња за уши така што ставил памучни топчиња на двата краја од чепкалка за заби. Отпрвин се викале „Бејби гејс“, а подоцна го добиваат името „Кју-тип“ каде што „Кју“ означува квалитет.

Sekojdnevni-predmeti-za-koi-nikogas-ne-ste-se-zaprasale-koga-se-izmisleni (2).jpg

Термос

Измислен во: 1892 г.

Изумител: Сер Џејмс Девар

Физичарот и хемичар Сер Џејмс Девар го измислил вакумираното шише во 1892 г. Термосот се состои од два стаклени ѕида помеѓу коишто е истиснат воздухот и останува само вакуум за да може така подолго да ги одржуваат течностите ладни или топли. 

Сепак Девар никогаш не го патентирал својот изум и германската компанија Термос почнала масовно да го произведува во 1904 г. кога и го патентирала дизајнот, а со тоа го оставила Девар без права на производот.

Sekojdnevni-predmeti-za-koi-nikogas-ne-ste-se-zaprasale-koga-se-izmisleni (6).jpg

Безопасна игла

Измислена во: 1849 г.

Изумител: Валтер Хант

Безопасната игла настанала така што Валтер Хунт, за да плати долг за облог од 15 долари, дизајнирал игла од бакарна жица и закачалка, којашто го држела другиот крај од жицата. 

Тоа е основата за денешната безопасна, но Хант го продал својот дизајн на ВР Грејс и Ко. за 400 долари, чиишто дел го искористил за да го плати својот долг кон пријателот.

Sekojdnevni-predmeti-za-koi-nikogas-ne-ste-se-zaprasale-koga-se-izmisleni (4).jpg

Швајцарско ноже

Измислено во: 1890 г.

Изумител: Вестер и Ко.

„Швајсер Офицерсмесер“ или Швајцарското ноже е дизајнирано од Вестер и Ко. за швајцарската војска. Ножот бил дизајниран за со него да се отвораат конзервите со храна и да се размонтираат пушките. 

Оригиналниот нож имал сечило, отворач за вино, отворач за конзерви и шрафцигер. Во 1891 Елсенер го презел производството на моделот, а неговата компанија „Викторинокс“ е производител на швајцарското ноже што го знаеме денес.

Sekojdnevni-predmeti-za-koi-nikogas-ne-ste-se-zaprasale-koga-se-izmisleni (3).jpg

Маичка по кратки ракави

Измислена во: 1913 г.

Изумител: Американската морнарица

Потеклото на маичката по кратки ракави е испомешано. Некои велат дека британските трупи ја носеле под своите воени униформи за време на Првата светска војна, некои велат дека Французите ги носеле уште порано и од тоа. Сепак, најголем дел велат дека американската морнарица е првата што ги вовела како дел од опремата уште во 1913 год. 

Потоа следувале и другите гранки од војската, а маринците ги прифатиле во 1930 г. па така до крајот на втората светска војна, веќе целата американска војна носела маички по кратки ракави. 

Оваа популарност кај војската ја направила маичката секојдневна облека, за на крајот на педесетите маичката со кратки ракави да стане дел од американската поп-култура преку Џејмс Дин и Марлон Брандо.

Sekojdnevni-predmeti-za-koi-nikogas-ne-ste-se-zaprasale-koga-se-izmisleni (7).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg