8 неверојатни латиноамерикански жени кои влегоа во историјата

 Запознајте се со 10 жени кои храбро застанаа и се изборија за своите права, инспирирајќи милиони ширум светот.

10_neverojatni_latino_amerikanski_zeni_koi_vlegoa_vo_istorijata_01.jpg

За овие жени со право може да се каже дека воделе значаен живот:

Ригоберта Менчу

Оваа Латиноамериканка е позната по својата борба за правата на луѓето и домородното население во нејзината земја Гватемала. Таа е добитник на Нобелова хаграда за мир во 1992 година.

10_neverojatni_latino_amerikanski_zeni_koi_vlegoa_vo_istorijata_02.jpg

Ева Дуарте де Перон

Една од најсаканите и најконтроверзните фигури со аргентинско потекло. Таа е првата дама на Аргентина и заслужна е за донесување на правото на глас за жените во Аргентина во 1947 година. Таа, исто така, се залагала да вклучи поголем број на жени во политиката.

10_neverojatni_latino_amerikanski_zeni_koi_vlegoa_vo_istorijata_03.jpg

Тереза Карењо

Оваа дама е позната како еден од најголемите таленти за пијано. На само 9 години настапува на својот прв концерт во Њујорк, а подоцна таа ќе настапи и во Белата куќа за претседателот Абрахам Линколн.

10_neverojatni_latino_amerikanski_zeni_koi_vlegoa_vo_istorijata_04.jpg

Хермила Галиндо

Галиндо била пионер на феминистичкото движење во Мексико и цел свој живот и политичка кариера ја посветува на одбрана на правата на жените. Го основа феминистичкиот семинар „Модерна жена“, кој го промовира развојот на жените и нивната позиција во општеството.

10_neverojatni_latino_amerikanski_zeni_koi_vlegoa_vo_istorijata_05.jpg

Сестрите Мирабал

Сестрите Патрија, Минерва и Марија Тереза Мирабал биле борци против диктатурата на Рафаел Леонидас Труилјо во Доминиканската Република. Не престанале со својата борба се до денот кога Рафаел наредил да бидат убиени. Мислејќи дека на овој начин ќе ја обезбеди својата диктаторска позиција тој направил круцијална грешка, што многумина веруваат донело до неговото убиство една година подоцна.

10_neverojatni_latino_amerikanski_zeni_koi_vlegoa_vo_istorijata_06.jpg

Изабел Аленде

Писател со потекло од Чиле, позната по своите новели. Има продадено повеќе од 57 милиони копии низ светот и нејзините дела се преведени на 35 јазици. Во 2014 добива награда Претседателски медал за слобода од американскиот претседател Барак Обама.

10_neverojatni_latino_amerikanski_zeni_koi_vlegoa_vo_istorijata_07.jpg

Чавела Варгас

Познатата пејачка со уникатен, мелодичен глас била бунтовник од самата младост. Се облекувала во машка гардероба, пушела цигари, пиела алкохол и со себе носела пиштол. Позната е по своето црвено пончо и била омилена пејачка и муза на Педро Алмодовар. Во неколку интервјуа изјавува дека сака да умре во недела, а нејзиниот погреб да се одржи во понеделник или вторник за да не им го расипе виендот на најблиските.

10_neverojatni_latino_amerikanski_zeni_koi_vlegoa_vo_istorijata_08.jpg

Фрида Кало

Таа е една од најпознатите светски уметници, со потекло од Мексико. Фрида во своите дела ги прикажува страдањата кои ги преживеала по сообраќајната несреќа која ја доживува на 18 години. Во 1939 година ги прикажува своите дела во Франција по покана на Андре Бретон. Едно од нејзините дела е прво дело на мексикански уметник прикажано во музејот во Лувр.

10_neverojatni_latino_amerikanski_zeni_koi_vlegoa_vo_istorijata_09.jpg

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg