Работи кои заборавате да ги спакувате за на одмор
Кога конечно мислите дека сте спакувале сè и куферот ви крцка од што е полн, верувајте дека нешто имате заборавено.
Луѓето многу често забораваат да спакуваат клучни работи кои ако недостасуваат, одморот може да биде уништен.
Затоа, годинава задолжително спакувајте:
Пар чорапи или меки балетанки во патната торба
Ова е посебно препорачливо ако имате долг лет или пат со автомобил, каде нозете постојано ви се надолу и полека, но сигурно потекуваат.
Батерија за полнење на смартфонот
Фотографирањето ви ја црпи батеријата, па ако сакате безгрижно да шетате без на секои 2 часа да барате место за полнење, подновете се со преносна батерија.
Топли пижами
Ова важи ако одите во далечна, топла земја, каде хотелите не секогаш имаат ќебиња. А, никогаш не знаете колку ладно може да стане навечер. Никогаш не ви штети да спакувате пар потопли пижами.
Тонирана крема во потемна нијанса
Секогаш спакувајте тонирани креми и пудри кои се за нијанса потемни, бидејќи сосема очекувано, кожата ќе ви поцрни.
Затворена облека
Баш затоа што сонцето постојано пече, ќе ви треба нешто што ќе ве спаси од изгорениците додека шетате.