Јапонски десерти од кои ќе подголтнете
Доколку сметате дека Јапонците се најпознати по нивното суши, оваа листа ќе ве натера да размислувате поинаку. Во Јапонија слаткарите се вистински виртуиози кои создаваат десерти од кои ќе подголтнете.
Очигледно е дека Јапонците се повеќе по благото, судејќи според десертите подолу. Внимавајте, предупредуваме на зголемување на апетитот и инстантна желба за нешто слатко:
Сладолед Mochi
Топчињата се направени од специјален тип на сладок ориз кој се нарекува „motigome“ наполнет со мек свеж сладолед. Овој десерт традиционално се јаде за време на јапонската Нова година.
Yokan
Густ желатински десерт направен од паста од мешунки, состојката агар-агар извлечена од морска трева и шеќер. Често пати во овој десерт се додава и слатки компири, сечкани костени, овошје и зелен чај.
Dango
Овие топчиња на стапче се прават од специјално брашно и сладок ориз. Вкусовите варираат во зависност од слатките зачини кои се додаваат.
Imagawayaki
Овој десерт е особено популарен за време на Јапонските фестивали. Се прави со помош на масло во специјален апарат кој потсетува на тост за вафли. Состојките со кои се исполнети се најчесто паста од азуки грав, крем од ванила, месо од конзерва, џем и многу други.
Hanabira Mochi
Основата на овој необичен десерт, односно розовото „ќебенце“ се прави од сладок ориз, бело брашно и специјална мисо паста (која се добива со ферментација на соја, ориз, јачменов слад, пченица или мешавина од сите наведени состојки со специјален тип на мувлосани печурки).
Десертот се полни се coli – парче од коренот на јапонскиот магарешки трн.
Monaka
Две мали крцкави вафли кои образуваат сендвич се наполнети со џем од мешунки, најчесто од азуки грав. Понекогаш во мешавината се додава и сусам, јатки, оризови галети, па дури и сладолед. Вкусот на овие слатки најдобро оди со чај.
Anmitsu
Десертот претставува мешавина од малечки коцки агар-агар (многу слично на желе), паста од сладок азуки грав и овошје. Најчесто се додава и сладолед.
Sakura Mochi
Слатки оризови галети обоени во цутот на јапонските цреши Сакура. Наполнети се со паста од црвени мешунки и завиткани со кисело ливче од цреша. Овој десерт е особено популарен за јадење во пролетната сезона.
Manju
Во основа ова е оризова крофна направена од брашно, пченични никулци и ориз во прав. Како и најголем дел од јапонските десерти и оваа се полни со паста од црвени мешунки и е особено леплив сладок десерт.
Јапонски „Crepe“ палачинки
Десертот со француско потекло е особено популарен дел од уличната храна во Јапонија. Тука и нема многу варијации во вкусовите, палачинките најчесто се завиткуваат како корнети и се полнат со свежо овошје, сладолед, јаткасти плодови и друго.
Namagashi
Овие слатки се инспирирани од природата. Најчесто се додаток на церемониите со чај и наполнети се со мармалад или паста од мешунки. Имаат кус рок на траење, што значи најдобро се консумираат свежи.
(О)Милена | Црнобело