Совети и факти кои еден ден може да ви го спасат животот
Сите сме запознаени со основните начини на заштита, но понекогаш несвесно ги игнорираме. Од друга страна пак, има такви кои никогаш сме немале шанса да ги откриеме.
Денес правиме мала збирка на најважните совети и факти кои еден ден може да ви го спасат животот.
Што треба да знаете за секогаш да бидете безбедни и сигурни?
Како да распознаете отровна од неотровна змија
Најдобро е да се држите на страна од змиите, но ако се најдете во безизлезна ситуација, вреди да знаете со што се соочувате.
Кај отровните змии долниот дел од опашката е покриен со целосни крлушки, без пресеци на средината. Исто така, повеќето отровни змии имаат очи кои наликуваат на мачка – триаголнести со закосувања на крајот, како и светла линија во центарот на окото. Неотровните змии обично имаат округли очи.
Наместете го ретровизорот за да немате слепи точки
Секогаш позиционирајте го ретровизорот додека седите на возачкото седиште.
Не го дувајте елекот за спасување пред да го напуштите авионот
Ова е посебно важно доколку се случи несреќа или принудно слетување во вода. Како што секој експерт би ве советувал, треба да се тргнете што подалеку можете до кабината и авионот, да земете длабок здив, да испливате на сигурно, па потоа да го отворите елекот за спасување. Во спротивно, елекот само ќе ве „залепи“ за авионот и ќе ви го отежни движењето.
Секогаш при рака имајте анти-алергени
Колку и да не сте алергични на ништо, апчињата против алергии се од клучно значење за здравјето. Посебно ако патувате на ново место каде никогаш претходно не сте биле.
Запомнете го правилото за издржливост на телото
Како што многу истражувања покажуваат, човечкото тело може да преживее 3 минути без воздух, 3 часа без засолниште во екстремни услови, 3 дена без вода и 3 недели без храна.
Никогаш не отстранувајте забоден остар предмет
Во ниту еден случај не смее да го отстраните остриот предмет забоден во било кој дел од телото, бидејќи може да искрварите до смрт. Наместо тоа, обидете се да го спречите крварењето со стегање и преврски, додека не пристигне медицинската помош.
Во авион бидете внимателни првите 3 минути по полетувањето и 8 минути пред слетувањето
80% од несреќите се случуваат во овие временски периоди. Затоа, 3 минути по полетувањето не мрдајте, туку само скенирајте го просторот и обидете се да запаметите сè во ваша близина. Исто така, не се опуштајте 8 минути пред да слетате.
Во случај на пожар, останете поблиску до подот
За време на пожар, за да го избегнете гушењето, легнете или седнете на подот, додека не ве евакуираат. Носот и устата треба да се покриени со чиста ткаенина.
Секогаш во вас имајте извор на светлина
Силната светлина се покажала како најефикасна превенција при демнеење и следење. Ако забележите сомнителна личност која мислите дека ќе ве нападне, заслепете ја со светилка. Како резултат на тоа, лицето губи ориентација на неколку секунди, што ви дава шанса да побегнете.
Во паричникот секогаш имајте основи податоци за вашата здравствена состојба
Покрај документите во паричникот, одлично би било доколку имате број од вашите родители или блиски пријатели. Дополнително, може да чувате и ливче на кое ќе ја пишува вашата крвна група и алергените на кои реагирате.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





