Одвојте време за правење ништо - „тепањето време“ има позитивни страни

Народски кажано „тепањето време“ не носи ништо добро ниту позитивно. Но, дали тоа e навистина така?

odvojte-vreme-za-nepravenje-nisto-tepanjeto-vreme-ima-pozitivni-strani-001.jpg

Дали домашните ви замеруваат кога едноставно се исклучувате од светот? Кога се загледувате во една точка или талкате наоколу со нефокусиран поглед додека тие се обидуваат да ви го задржат вниманието.

Нема ништо лошо во вашето однесување, ниту нешто не е во ред со вас, напротив. „Тепањето време“ е прилично исполнувачко и неопходно однесување.

Главниот проблем на денешницата е што френетично бркаме обврски и толку многу се фокусираме на работа и задолженија, што забораваме да направиме пауза.

Си кратиме од сонот, забораваме на долгите прошетки, читањето покрај прозорец или едноставното медитирање во празно неправејќи ништо.

Дури и кога ќе украдеме малку време за овие работи, на крајот од денот чувствуваме некоја необјаснива грижа на совест како тоа драгоцено време сме можеле да го потрошиме на нешто попродуктивно.

Но, еве што најчесто правиме: остануваме пред компјутерот, скроламе и кликаме низ различни сајтови, губиме време во обид да направиме нешто корисно, а всушност ова не му користи никому, најмалку на нашата среќа.

Таа идеја со која нé хранат постојано дека мора да сме достапни и секој момент да го користиме на ефективна работа е погрешна. Многу тешко се одлучуваме да станеме од бирото и да појдеме во паркот на мала пауза.

Најчесто остануваме да се ѕвериме во мониторите, паралелно работејќи, а истовремено присутни на сите социјални мрежи (бидејќи мозокот си бара диверзија поради исцрпеноста). Така се убедуваме дека сме одлични во жонглирање многу работи истовремено, односно мултитаскинг, а вистината е дека трошиме премногу време на глупости кои не прават ништо добро за нашето здравје.

Го пропуштаме времето кое треба да го насочиме кон нашето физичко и ментално здравје, време кога треба да се насочиме кон себе. Јадеме пред компјутерот, зборуваме со саканите додека го проверуваме мејлот, што е прилично одвратно.

Затоа, следниот пат одвојте време, макар биле 5 или 50 минути за нешто сосема радикално и поинакво - правење ништо. Бидејќи кога ќе одвоите време за да бидете целосно, божествено, гордо непродуктивни, ќе почувствувате инстантно олеснување и ќе си ја работите работата подобро и попродуктивно, наместо да се „силувате“ во константен работен напор.

Кога не правите ништо, всушност си ги полните батериите и се „издувувате“ себеси од сиот напластен умор и грижи.

Секој треба да одвои време за да го направи ова. За некого тоа е прошетка на кучето, за друг читање книга, за трет зјапање во одредена точка на ѕидот или формите на облаците на небото. Што и да решите, одвојте момент за неправење ништо.

Tepanjeto-vreme-ima-pozitivni-strani-02.png

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
8 мали навики со кои ќе се одржувате млади независно од годините Негувајте ја љубопитноста – учете нов јазик, нови вештини, не се препуштајте на ...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg