Крвната група го одредува женскиот темперамент: Каков карактер има идеалната сопруга?
Повеќе од 25 века луѓето трагаат по одговори во врска со женскиот темперамент.
Кога станува збор за темперамент тој подразбира збир на повеќе психолошки карактеристики.
Постојат голем број пристапи и методи на решавање на прашањата поврзани со темпераментот.
Јапонците и Корејците на пример ја поткрепуваат теоријата дека тоа има голема поврзаност со крвната група.
Во Јапонија и во денешно време при вработување се зема во оглед и крвната група на кандидатот.
Темпераментот на жените според крвната група:
1. (О) крвна група
Жените со оваа крвна група се исклучително егоистични. Во љубовните врски се прилично љубоморни и страсни. Тие сакаат да имаат целосна контрола врз својот партнер. Интересно е да се спомене дека помеѓу успешните деловни жени и познати личности, доминираат жените од оваа крвна група. Од своите партнери очекуваат среќа, задоволство и нежност. Како мајки, имаат пријателски однос кон своите деца, а сопствените амбиции ги остваруваат преку својот сопруг и децата.
2. (А) крвна група
Трпение и смиреност се карактеристики кои ги опишуваат жените со оваа крвна група. Тие ја ценат уредноста и комфорот и секогаш целат кон бесконфликтно решавање на проблемите. Себеси се сметаат како потчинети, а во љубовните односи се доста срамежливи. Ги почитуваат своите партнери и ги ценат нивните квалитети. Како сопруги се идеални. Мајките со оваа крвна група ги контролираат и поддржуваат своите деца, но за сметка на тоа имаат и доста барања од нив.
3. (Б) крвна група
Овие жени се одликуваат со флексибилен карактер. Одлично се справуваат со осаменост, но и во големи колективи се чувствуваат како риба во вода. Тие не сакаат ниту да бидат лидери, ниту да бидат потчинети. Одлично се снаоѓаат во друштво и сакаат да флертуваат. Не треба да зачудува фактот што имаат голем број на пријатели од спротивниот пол. Во партнерските односи делуваат помалку недопирливо и тешко се одлучуваат за брак.
4. (АБ) крвна група
Претставничките на оваа крвна група се многу чувствителни и урамнотежени. Тешко донесуваат одлуки. Во љубовните односи се многу искрени. Обожаваат мажи со авантуристички дух, но уживаат во врската само додека им е дозволено да останат мистични. Како мајки се доста попустливи кон своите деца, и немаат преголеми барања од нив. Успешно балансираат до колкава мера може да бидат другари со своите деца.
М. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





