А, Б, АБ или 0: Дали знаете која крвна група е „послаба“ од другите (и зошто)?

Крвната група ја одредува крвта врз основа на присуството или отсуството на наследени антигенски супстанци на површината на еритроцитите.

a-b-ab-ili-o-dali-znaete-koja-krvna-grupa-e-poslaba-od-drugite-i-zosto-001.jpg

Но, сте се запрашале ли зошто постојат четири видови крвни групи - А, Б, АБ и 0?

Различните крвни групи, односно постоењето на четири крвни групи А, Б, АБ и 0 има врска со еволуционата предност.

Доктор Карл Ландштејнер од Австрија во 1900 година открил три типа на крв, А, Б и 0.

Тоа претставувало огромно откритие, па во 1930 година тој добива Нобелова награда за големи достигнувања во медицината.

Неколку години подоцна, е откриена и крвната група АБ.

Она што ја прави една крвна група да се разликува од другите се нејзините антигени односно обвивката околу црвените крвни зрнца кои му помагаат на телото да препознае за која крвна група се работи.

Така, доколку пациент со крвна група А, прими трансфузија од донор со крвна група Б, антителата во организмот на пациентот ќе ја одбијат примената крв бидејќи не им одговара. Притоа постои опасност од згрутчување на крвта кое може да го загрози животот на пациентот.

Постојат два главни антигени кои го опкружуваат околните црвени крвни клетки, наречени А и Б. Доколку вашата крвна група е АБ, во вашето тело има А и Б антитела. На крвната група 0 и недостигаат антигени А и Б. Поради тоа лицата со крвна група 0, може да примаат крв само од донори од истата крвна група.

Крвната група А е најстарата крвна група, и сите други видови на крв се создадени како резултат на мутации кои биле потребни за човекот да преживее односно да се спротивстави на одредени болести. Така пред пет милиони години настанала крвната група 0, а веднаш по неа и крвната група Б.

Се верува дека овие мутации преживеале благодарение на нивната отпорност на одредени болести.

Научниците исто така откриле дека клетките заразени со маларија не се врзуваат лесно со крвната група Б или 0, што значи дека луѓето со крвна група Б и 0 се поотпорни на маларија од луѓето со крвна група А.

Затоа може да се каже дека крвната група А е „послаба“ од останатите.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Клонирана ласица роди бебиња, за првпат во историјата - Дали ова е спас за загрозените видови? Што мислите за тоа клонирањето да се користи како алатка за зачувување на биодив...
Работи што ги прават луѓето кои живеат сами (а на другите може да им се чудни) „Учам кореографии на омилените песни, а потоа им ги покажувам на кучето и двете ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg