15 знаци дека вашата сестра е ваш најдобар пријател
Сите што имаат сестра, не знаат што би правеле во животот без неа. Сестрите се секогаш тука за нас и врската со нив е најмагична, безусловна и најискрена од сите што ќе ги имаме во животот.
Без оглед на сè, кога имаш сестра знаеш дека засекогаш ќе имаш и пријател. Таа била тука за тебе без да ја побараш, како универзумот да ти ја подарил токму во сите моменти кога е најпотребна.
Еве 15 знаци со кои ќе се уверите дека вашата сестра е всушност ваш најдобар пријател:
1. Кога нешто лошо ќе се случи, таа е првата на која и кажуваш.
2. Секогаш била на твоја страна кога родителите те карале за нешто.
3. Си позајмувате и си крадете една од друга парчиња облека.
4. Си давате модни совети пред секое изглеување.
5. Не ги разбираш луѓето што не се толку блиски со нивната сестра.
6. Често им раскажуваш на луѓето колку е супер твојата сестра.
7. Една на друга си ги завршувате речениците.
8. Разликата во годините помеѓу вас нема никакво значење.
9. Не ти е страв да бидеш брутално искрена пред неа.
10. Вашите кавги стануваат неважни после 5 минути.
11. Секогаш е тука за тебе, дури и кога не сте во иста држава.
12. Знае точно што да ти каже и како да те насмее кога си тажна.
13. Секогаш можеш да сметаш на неа дека ќе ти ја каже вистината.
14. Прекумерно си горда на нејзините достигнувања.
15. Вие сте комплетно различни личности, но учите една од друга.
А. В. | Црнобело