9 фрази кои не смеете никому да ги кажете
Пријателството е како еден лист хартија, доколку еднаш го скинете, можете да го залепите, но никогаш нема да изгледа како претходно. Од таа причина вреди да размислите двапати пред да кажете нешто.
Секогаш имајте на ум дека она што на вам не ви пречи да го изговорите, не секој сака да го слушне.
Во продолжение прочитајте кои 9 нешта не смеете да ги кажете никому.
„Тоа не е моја работа.“/„Никој не ме плаќа да го направам тоа.“
Ова се најчестите оправдувања кога не сакате да завршите одредена работна активност. Меѓутоа колку и навистина да си го помислувате ова во себе, немојте никогаш да го изговорите.
Во 9% од ситуациите, вашиот претпоставен би претпоставил дека сте индиферентни кон работата. Доколку навистина немате можност да ја завршите дополнителната задача која ви е зададена, подобро би било да кажете: „Во моментов имам навистина многу обврски кои би требало да ги завршам денес. Можете ли да ми посочите што е приоритет?“
„Немам време да зборувам со тебе.“/„Зафатен/а сум.“
Ваков тип на одговор звучи навистина дрско и бедно. Во ситуација кога навистина немате време да слушате нечиии други проблеми и ситуации, подобро би било да кажете: „Извини, навистина сум во гужва, дали може да се слушнеме за половина час, ќе се обидам да ти помогнам.“
„Можеби звучи глупаво, но...“
Ваквиот тип на започнување на реченица, од старт ја уништува валидноста на она што сакате да го кажете или прашате. Не се потценувајте!
„Без навреда, но...“
Ова звучи утешително, но она што се очекува следно да го кажете, многу е веројатно дека ќе биде непријатно. Доколку започнете да кажувате ваква реченица, и забележите дека во истиот момент се менува ликот на вашиот соговорник, подобро е веднаш да ја промените темата.
„Си се поправил!“/„Си ослабнал!“
Тежината или генерално земено физичкиот изглед, често е чувствителна тема за многумина од нас. Најчесто на луѓето им е навистина тешко да ги прифатат промените на нивното тело, па коментари од овој тип дефинитивно не се добредојдени.
Подобро е доколку кажете: „Изгледаш супер.“
„Изгледаш навистина добро за својата возраст.“
Ова повеќе делува како да го потсетувате соговорникот за неговата возраст, па некои можат да го сфатат и како: „Во споредба со другите луѓе кои се СТАРИ колку тебе, ти и не изгледаш така лошо.“
Значи да повториме, едноставно е подобро да кажете: „Изгледаш супер.“
„Типично за тебе!“
Обидете се да не ги ставате луѓето во рамка. Подобро би било доколку кажете: „Навистина ме нервира што повторно си ги оставил садовите во мијалникот. Што да направиме за да се избегнат ваквите ситуации?“
Во овој случај ги внесувате „во игра“ и своите чувства и емоции, а не само идејата дека вашиот партнер има лоша навика.
„Доколку ме сакаш ќе го направиш тоа.“
Навистина!? Ваквиот начин на изразување повеќе делува како да манипулирате со некој емоционално. Подобро би било да кажете: „Би се чувствувал/а навистина подобро доколку направиме вака.“
Најдобриот начин да изградите конструктивна врска со вашиот партнер е да објасните што навистина ви пречи, но исто така и да понудите решение.
„Ти си предобра за него!“/ „Навистина ми е мило што ја откачи!“
Дури и доколку ова го кажувате најдобронамерно за да го утешите пријателот или пријателката кои ја прекинале врската со нивниот партнер, ова може и да звучи лично, па пријателот да помисли дека не ви се допаѓа неговиот вкус при избор на партнер/ка.
Секогаш би било подобро доколку кажете; „Тој/Таа губи.“
С. У. | Црнобело