Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Научниците велат: Мрзливите луѓе се поинтелигентни

Сите ние добро знаеме дека вежбањето е една од најважните активности, но не сите се расположени да бидат активни. Зошто?

naucnicite-velat-lugjeto-koi-retko-sportuvaat-se-pointeligentni-od-drugite-01.jpg

Едно истражување вели дека причината поради која одредени луѓе не спортуваат може да се поврзе со интелигенцијата, поточно високата интелигенција.

За да откријат која е поврзаноста меѓу спортувањето и нивото на интелигенција, тим од истражувачи од Универзитетот во Флорида го проучувале однесувањето на 60 студенти.

naucnicite-velat-lugjeto-koi-retko-sportuvaat-se-pointeligentni-od-drugite-2.gif

Пред да започне експериментот, од студентите било побарано да пополнат прашалник кој ги поделил меѓу оние кои премногу размислуваат и оние кои сакаат да избегнуваат решавање на предизвици и проблеми.

Потоа била мерена нивната физичка активност.

Резултатите покажале дека оние кои премногу размислуваат помалку се движат од другата група, посебно за време на работната недела.

Зошто се случува ова?

Авторите на истражувањето велат дека на интелектуалците ретко кога им е здодевно и затоа не бараат забава во спортувањето и рекреацијата.

naucnicite-velat-lugjeto-koi-retko-sportuvaat-se-pointeligentni-od-drugite-3.gif

Од друга страна, останатите преферираат забава која се врзува со нивното тело, повеќе од нивниот ум.

Сепак, и покрај резултатите, високото ниво на интелигенција не треба да се користи како изговор зошто да не вежбате, велат научниците.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
7 работи со кои модерните жени се „опседнати“, но нашите баби ги игнорирале Совршен маникир и педикир, безброј активности за децата, „вечен“ младешки изглед...
Примери за подвоени стандарди меѓу мажите и жените што (за жал) сè уште се прифатени, низ илустрации Во приказните, мажот што лета е „супермен“, а жената е „вештерка“. Кога тато ги ...
9 работи кои префинетите жени никогаш нема да ги споделат на социјалните мрежи Лесно е да се вклучите во некоја расправија на социјалните мрежи или да споделит...
Како изгледаат градинките во Кина: Децата готват на печки на дрва, мешаат малтер Деца од градинка сами мешаат малтер и градат шпорети за готвење. Сами носат дрва...
7 начини на кои несвесно се повредувате самите Дали се лажете себеси дека сте среќни и не си признавате дека нешто ви пречи? Со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg