7 работи со кои модерните жени се „опседнати“, но нашите баби ги игнорирале

Совршен маникир и педикир, безброј активности за децата, „вечен“ младешки изглед – некои работи што нам ни се особено важни, нашите баби, едноставно, ги игнорирале.

7-raboti-so-koi-modernite-zheni-se-opsednati-no-nashite-babi-gi-ignorirale-01.jpg

Животот на нашите баби бил многу поразличен од нашиот, и тоа од речиси секој аспект.

Имале други стандарди за убавина, други приоритети, други сфаќања…

Работи кои нашите баби ги игнорирале, а ние сме како опседнати со нив:

Третмани за разубавување и подмладување

Денес третманите со ботокс, филери и слично се норма.

За оние кои не ги сакаат овие процедури, има безброј други третмани за разубавување со маски, ласери и што уште не.

Додека многу модерни жени се опседнати со младешки изглед, нашите баби ги прифаќале своите брчки и не им било приоритет цел живот да изгледаат како 20-годишни девојки.

7-raboti-so-koi-modernite-zheni-se-opsednati-no-nashite-babi-gi-ignorirale-03.jpg

Безброј активности за деца

Во ред е што денес родителите се позагрижени за развојот на децата, но некогаш ги преоптоваруваат со вонучилишни активности.

Неретко модерните родители како да се натпреваруваат едни со други за тоа кое дете ќе научи да чита побрзо, ќе научи англиски порано или ќе решава математички задачи за повисоки одделенија.

Нашите баби и дедовци, па и нашите родители, само гледале да си ги завршиме училишните обврски, а потоа нè оставаа да си играме надвор додека да падне ноќ.

7-raboti-so-koi-modernite-zheni-se-opsednati-no-nashite-babi-gi-ignorirale-04.JPG

Разговор со психолог или психијатар

Ова дефинитивно е една од убавите разлики бидејќи сега повеќе се посветуваме на менталното здравје.

Кога нашите баби (и дедовци) се соочувале со проблеми како анксиозност и депресија, немале каде да се обратат и обично биле осудувани.

Денес проблемите со менталното здравје не се толку голема стигма и луѓето послободно зборуваат за нив.

7-raboti-so-koi-modernite-zheni-se-opsednati-no-nashite-babi-gi-ignorirale-05.JPG

Влакна на телото

Денес постојат безброј начини да ги отстранете влакната од телото – депилатор, брич, восок…

Но, нашите баби не биле преоптоварени со овој детаљ.

Всушност, ако погледнете стари фотки од холивудски актерки, ќе забележите дека неретко и тие ги игнорирале влакната на телото.

7-raboti-so-koi-modernite-zheni-se-opsednati-no-nashite-babi-gi-ignorirale-02.jpg

Совршено тело

Нашите баби дефинитивно имале поактивен живот од нашиот.

Ретки биле оние кои минувале осум, па и повеќе часа во канцеларија и/или пред компјутер.

Притоа, немале многу преработена храна како ние денес, што значи главно се хранеле поздраво.

Поради сето ова, тие поретко имале проблеми со прекумерна тежина, но дефинитивно не се оптоварувале ако имаат стомаче, целулит и слично.

7-raboti-so-koi-modernite-zheni-se-opsednati-no-nashite-babi-gi-ignorirale-06.jpg

Блескаво бели заби

Избелувањето на забите, па и ставањето порцелански заби, е нешто што го прават и многу млади луѓе, кои имаат природно убави заби.

Иако е добро тоа што денес свесноста за оралната хигиена е на повисоко ниво, се чини дека стануваме опседнати со многу бели заби.

Нашите баби, од друга страна, го немале овој комплекс.

7-raboti-so-koi-modernite-zheni-se-opsednati-no-nashite-babi-gi-ignorirale-07.JPG

Совршен педикир и маникир

Дури и девојките кои не одат во салони и не сакаат лакови за нокти, сепак се грижат ноктите да им се постојано уредни или, во најмала рака, користат безбоен лак.

Ова е уште еден стандард за убавина со кој нашите баби не биле опседнати.

Салоните за нокти не постоеле кога нашите баби биле млади, а не ни имале многу продукти за самите да прават маникир и педикир.

7-raboti-so-koi-modernite-zheni-se-opsednati-no-nashite-babi-gi-ignorirale-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
5 работи што не треба да ги подарувате на домаќините за Св. Никола (и со што да ги замените) Со пари може да ги навредите домаќините, кои ќе помислат дека сакате да си ја пл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg