7 фиктивни ликови кои се базирани на вистински личности
Често ни се случува толку да се зближиме со ликовите кои ги гледаме на филмовите и ТВ сериите, што забораваме дека се измислени ликови од писатели и сценаристи.
Но, некои од тие ликови всушност се базирани на вистински луѓе...
На пример:
Доктор Хаус - Доктор Томас Болт
Како и ликот кој го глуми Хју Лори, така и докторот Томас Болт е познат по решавањето на медицински мистерии кои многу често никој друг не успева да ги реши. Креаторите на ТВ серијата биле инспирирани од неговите случаи и неговото ексцентрично однесување.
Инаку, овој доктор е познат и по тоа што вози ролери низ улиците на Њујорк, бидејќи смета дека тоа е најбрзиот начин да се пристигне до одредена дестинација. Кога и да добие итен случај за решавање, тој ги облекува ролерите и тргнува.
Доријан Греј - поетот Џон Греј
Англискиот поет Џон Греј кој Оскар Вајлд го запознал во 19-иот век станал прототип за Доријан Греј. Тој бил софистициран, интелигентен, згоден и амбициозен.
30 години подоцна, Џон Греј заборавил на боемскиот живот и станал католички свештеник.
Шерлок Холмс - професорот Џозеф Бел
Конан Дојл го креирал ликот Шерлок Холмс врз основа на животот на професорот Џозеф Бел, неговиот ментор на Медицинскиот институт при Универзитетот во Единбург.
Бел делел многу слични карактеристики со фиктивниот лик, бил многу интелигентен и ги употребувал своите дедуктивни вештини за да дијагностицира разни болести и нарушувања.
Џејмс Бонд - Сидни Џорџ Рајли
Постои дебата околу тоа која вистинска личност е инспирација за Бонд и голема е веројатноста дека бил креиран по урнекот на многу вистински ликови. Но, сите се согласни за еден лик - британскиот шпион Сидни Рајли.
Петар Пан - Мајкл Дејвис
Инспирација за Петар Пан на писателот Бери биле синовите на неговите пријатели, Артур и Силвија Дејвис, но посебно нивниот син Мајкл.
Кога починале нивните родители - Бери станал старател на децата.
Кристофер Робин - Кристофер Робин Милн
Кристофер Робин Милн бил син на А. А. Милн и основа за ликот Кристофер Робин од неговата серија приказни „Вини Пу“.
Како дете, малиот Кристофер немал добар однос со родителите - неговата мајка се грижела само за себе, неговиот татко бил зафатен со неговите книги, а тој најголемиот дел од времето го поминувал со неговата дадилка и омилената играчка мече.
Волкот од Волстрит - брокерот Џордан Белфорт
Баш како и во филмот, Белфорт станал богат и живеел луксузен живот, потоа бил уапсен за измама, а на крајот кога излегол од затвор, своите таленти ги употребил за пишување на неговите книги и да биде мотивациски говорник.
Според него: „Глумете како да сте веќе богати и така сигурно ќе станете богати“.
Н. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





