9 опасни грешки кои најчесто се прават при прва помош
Веројатно, посебно ако сте полагале за возачка дозвола, сè уште ги паметите основните работи околу тоа како да му дадете на некого прва помош. Но, дали знаењата се точни?
Илја Бојко, специјалист во прва помош, ги објаснува најчестите грешки кои ги прават луѓето кога им даваат прва помош на другите.
Овие едноставни правила можат да спасат живот:
1. Да се препотувате кога имате температура може да биде лоша идеја
Кога имате грозница тоа значи дека се крева температурата на вашето тело. Кога се покривате за да се загреете, температурата се крева уште повеќе.
Иако, температурата помага да се бориме со бактериите и вирусите, онаа која е над 38 степени прави повеќе штета на телото, отколку што е корисна.
Ако имате висока температура комбинирана со грозница морате да се оладите, а не да се стоплите.
2. Не ставајте ништо во уста на личност која има епилептичен напад
Можете да им ги искршите забите. За време на епилептичен напад, личноста не може да го изгризе својот јазик. Можат да си го гризнат само малку, но тоа нема да направи големи штети.
Најдобрата работа која можете да ја направите е да ставите нешто меко под нивната глава за да избегнете потенцијални силни удари во главата.
Кога спазмите ќе поминат, свртете ја личноста на страна.
3. Не нанесувајте крема на изгореници, веднаш
Кога ќе се изгорите, кожата има вишок температура која оди подлабоко во ткивото.
Најдобрата работа која можете да ја направите во тој случај е да ја ставите изгорената област во студена вода од 10 до 15 минути.
4. Не влечете некој кој е повреден без да има медицински професионалци покрај вас
Ако се најдете во несреќа на патот, не се обидувајте да ги извлечете повредените од автомобилот, само им наштетувате.
Правилото можете да го исклучите само ако автомобилот гори.
Што треба да направите наместо тоа?
- Треба да повикате брза помош
- Ако можете изгасете го автомобилот
- Сопрете крвавење
- Помогнете ѝ на жртвата да остане смирена
5. Ако некој се дави не го тапкајте по грбот
Ако го правите ова помагате на што и да е заглавено во нивниот хранопровод да оди уште подолу.
Наместо тоа, треба да ја навалите личноста и тогаш да ѝ помогнете.
6. Не се обидувајте да го излечете јазикот на некој кој е онесвестен
Опасно е личноста која е несвесна да лежи на грб, бидејќи јазикот може да ги блокира дишните патишта.
За да не се случи ова, треба да ја свртите личноста на страна, а не да се обидувате да го извлечете нејзиниот јазик на надвор.
7. Не спречувате било какво крвавење со преврзување
Артериското крвавење не се препознава според бојата на крвта. Во артериите крвта се пумпа од раната под висок притисок, па излегува како фонтана.
Во таквите случаи треба да притиснете на артеријата во препоните или веднаш под пазувите, а потоа да ги подвиете екстремитетите поблиску до торзото додека заврзувате лента обвиткана околу облеката.
Ако има венско крвавење треба да се нанесе завој, не да се стегне раната со лента, бидејќи на тој начин личноста може да изгуби уште повеќе крв.
8. Не тријте замрзнати делови од телото
Кога ги триете рацете кога ви се замрзнати само ги оштетувате капиларите, што уште повеќе ја влошува ситуацијата.
Жешката вода е исто така радикален метод.
Ако имате смрзнатини ставете ги рацете во студена вода, а потоа полека започнете да ја зголемувате температурата на водата.
9. Проценете ја вашата сила и размислувајте логички пред да се обидете да помогнете на некого
Во итна ситуација треба да размислите кои акции можат да ви наштетат и треба да помогнете само кога сте сигурни дека нема да си наштетите и на себе.
На пример, ако личност ја удрила струја, не треба да се обидувате да ја извлечете, бидејќи струјата ќе се пренесе и на вас и така ќе има двајца повредени наместо еден.
Она што треба да го направите е веднаш да одите и да ја изгасите струјата од нејзиниот извор или да употребите дрвен предмет за да ја одвоите личноста од изворот на струјата.
Морате да запомните дека понекогаш акциите кои ги преземат можат да бидат далеку поштетни отколку да не преземете никаква акција.
Н. Г. | Црнобело