5 причини зошто не треба да се докажувате на никого

Понекогаш на секого му се случило да сака да се покаже пред целиот свет дека нема никакви мани, дека треба да биде ценет и почитуван, а најважно од сè, прифатен.

5-pricini-zoshto-ne-treba-da-se-dokazuvate-na-nekogo-01.jpg

Но, секогаш кога ќе посакате да се докажете пред другите, имајте го на ум ова. Вашата убавина лежи во вашата ранливост, во сложеноста на вашите емоции и вашата автентична несовршеност.

Нема потреба да носите маска:

Луѓето кои вредат да ги импресионирате сакаат да бидат само свои

На долги патеки, подобро е да не ве сакаат поради она што сте, отколку да ве сакаат за она што не сте. Игнорирајте ги споредувањата и очекувањата кои ви тропаат на врата. Секогаш докажувајте се на себе, не на другите.

Никој друг не знае што е најдобро за вас

Не се губете во потрагата за прифаќање од другите луѓе. Одете по својот пат самоуверено и немојте да очекувате дека било кој друг ќе го разбере вашиот пат.

Вие сте единствена личност кој може да си го промени животот

Без оглед на ситуацијата, другите не се одговорни за вашиот живот, туку самите вие. Потребно е само да сфатите дека сте способни да го промените својот живот, а понатаму сè оди лесно.

Животот не е трка

Не брзајте да поминете низ животот. Концентрирајте се на секој можен момент, не мислете на докажување и не избрзувајте да дојдете до нешто само затоа што другите го очекуваат тоа од вас.

Невозможно е да ги задоволите сите

Некои луѓе секогаш ќе имаат начин како да ви потенцираат некоја ваша маана токму затоа, не се концентрирајте на грешките кои другите ви ги укажуваат, туку на оние кои самите вие ги перципирате. 

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да препознаете емоционално незрела личност (и како да постапите со неа)? Избегнувањето конфликти и незнаењето како да се постапи во одредени ситуации или...
12 неуредни детали во изгледот што веднаш ги забележуваме кај другите (а на себе ги игнорираме) Траги од пудра или првут на облеката, несредени стапала, ластиче за коса како бр...
Кои светски ѕвезди се родени во знакот на Близнаци? (фото) Од Анџелина Џоли и Кајли Миног, до принцот Вилијам и оскаровецот Килијан Марфи -...
17 фрази со кои оддавате впечаток на личност со лоши манири Колкупати ви се случило да сретнете луѓе што ви се чини дека немаат ниту грам ку...
Трикови што ги користат крадците и измамниците низ популарните европски дестинации Лажни питачи, улични изведувачи – измамниците и крадците низ европските градови ...
Ликовите и приказните се инспирирани од реалноста: Како серијата „Маша и Медо“ го освои светот? „Идејата за серијата произлезе од тоа што сакавме да го прикажеме односот помеѓу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg