Ликовите и приказните се инспирирани од реалноста: Како серијата „Маша и Медо“ го освои светот?

„Идејата за серијата произлезе од тоа што сакавме да го прикажеме односот помеѓу децата и возрасните, и тоа во комична форма, за сите гледачи да може да ги разберат чувствата што ги доживуваат ликовите“, вели режисерот на Маша и Медо.

likot-na-masha-e-inspiracija-od-vistinsko-devojche-kako-ruskite-masha-i-medo-uspeaja-da-go-osvojat-svetot-01.jpg

Речиси не постои дете кое не ги знае Маша и Медо – популарните ликови кои во секоја нова епизода имаат интересна и, на детски начин, забавна незгода.

Иако две руски студија за анимација им понудиле на креаторите на Маша и Медо да ги преземат сите технички аспекти од целата серија, сепак, шест месеци по лансирањето на серијата, креаторите сфатиле дека тоа не е најдобрата опција.

likot-na-masha-e-inspiracija-od-vistinsko-devojche-kako-ruskite-masha-i-medo-uspeaja-da-go-osvojat-svetot-02.jpg

Затоа, решиле да основаат сопствено студио, а бидејќи со економската криза од 2008 година се затвориле многу аниматорски студија, авторите на Маша и Медо можеле да регрутираат високо професионален тим.

„Идејата за серијата произлезе од тоа што сакавме да го прикажеме односот помеѓу децата и возрасните и тоа во комична форма, за сите гледачи да може да ги разберат чувствата што ги доживуваат ликовите“, вели режисерот на проектот, Денис Червјацов.

likot-na-masha-e-inspiracija-od-vistinsko-devojche-kako-ruskite-masha-i-medo-uspeaja-da-go-osvojat-svetot-03.jpg

Ликот на Маша е инспирација од вистинско девојче

Според изјавите на режисерот, ликот на Маша е инспирација од вистинска личност. Во 1990-тите години, уметничкиот директор на проектот, Олег Кузовкин, бил на одмор кога на плажата здогледал мало девојче.

Девојчето било многу опуштено, што можело да му се приближи и на непознат човек и да игра шах со него или да му ја земе опремата и да оди на пливање… Меѓутоа, по неколку дена, туристите почнале да се кријат од девојчето, бидејќи било многу наметливо.

За создавање на епизодите, креаторите користат приказни од нивниот личен живот.

„Повеќето од нас имаат деца, дури и аниматорите го копираат однесувањето на нивните или децата на нивните пријатели, како што прават сценаристите“, вели Червјацов.

likot-na-masha-e-inspiracija-od-vistinsko-devojche-kako-ruskite-masha-i-medo-uspeaja-da-go-osvojat-svetot-04.jpg

Меѓународниот успех на Маша и Медо

„Мислам дека во која било земја, децата под пет години не се многу различни“, вели режисерот.

Тој додава и дека за успехот на Маша и Медо придонесува и тоа што во епизодите нема долги дијалози, туку акцентот е ставен на акцијата, а анимираниот филм е поблиску до форматот на нем филм, каде што сè е јасно без зборови.

Марија Терешченко, програмски директор на фестивалот на Големиот цртан филм во Москва, успехот на анимацијата го препишува на фактот што нејзините креатори, покрај квалитетот на сликата, ги рефлектираат и најновите трендови во грижата за децата и воспитувањето.

„Претходно, класичниот анимиран филм беше поврзан со насилство, прикажано преку хумор. Но, сега тоа се смета за штетно за психолошкиот развој на децата.

Маша и Медо не покажуваат насилство, а децата денес имаат повеќе слобода и помалку ограничувања за разлика од минатото.

Малата незапирлива Маша се појави во време кога денешните деца може да се препознаат во неа“ – вели таа.

likot-na-masha-e-inspiracija-od-vistinsko-devojche-kako-ruskite-masha-i-medo-uspeaja-da-go-osvojat-svetot-05.jpg

Светот на Маша и Медо се прошири на уште два секундарни производи

Во 2012 беше лансирана „Приказните на Маша“ (Masha’s Tales) каде што Маша ги воведува гледачите во светот на руските народни приказни.

Во 2014 година се појави вториот секундарен производ, „Страшните приказни на Маша“ (Masha’s Spooky Stories), каде што таа раскажува „страшни“ приказни, кои се покажуваат како смешни и поучни.

Маша и Медо заработуваат околу 1,5 милиони долари месечно од рекламирање на Јутјуб. Друг голем дел од приходите на проектот доаѓаат од лиценцирана трговија, како што се прехранбени производи, канцелариски материјал, играчки и други производи.

likot-na-masha-e-inspiracija-od-vistinsko-devojche-kako-ruskite-masha-i-medo-uspeaja-da-go-osvojat-svetot-06.jpg

М. Ѓ | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Самоубиства, сообраќајки, убиства: Проклетството што ги следи актерите од ретро серијата „Power Rang... Еден од актерите изврши самоубиство на 50-годишна возраст, а една од актерките з...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...
Морничави вистински приказни: Луѓе кои си го уништиле животот со една лоша одлука „За предизвик, дечко изеде полжав и се зарази со опасен паразит. Беше во кома и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg