Постојат 3 типови на отпечатоци од прсти: Каков е вашиот и што значи?
Јамки
Јамките најчесто се појавуваат кај Европејците. Најчесто станува збор за мирна и балансирана личност. Луѓето со ваков тип на отпечатоци најчесто се емпатични и сакаат да помагаат на другите луѓе. Лесно склопуваат пријателства. Одговорни се, но чекаат на другите да ги донесат одлуките.
Отворени се, обично се во добро здравје, се грижат како за другите, така и за себеси. Не сакаат рутински работи кои брзо ќе им станат здодевни.
Криви линии
Луѓето со ваков тип на отпечаток се енергични и полни со самодоверба. Нивната самоувереност можете да ја забележите во сè - позата во која стојат, седат, движењата... Понекогаш знаат да бидат и тврдоглави и да не можете да ги разубедите ниту да ги натерате да се откажат од она што го наумиле.
Понекогаш овие луѓе тешко се адаптираат на промените во околината. Љубители се на уметноста, а понекогаш знаат да бидат и хедонистички настроени.
„Виори“
Овие луѓе имаат краток фитиљ, лесно можат за многу краток период да се изнервираат и да не можат да се контролираат. Поседуваат бројни таленти, бргу ги разбираат работите и секогаш се подготвени да ја анализираат својата околина. Понекогаш имаат потреба да бидат сами, да уживаат во мирот и тишината.
Овие луѓе најчесто се комплексни личности и понекогаш не се ни свесни за работите кои можат да ги постигнат во својот живот.
Н. Г. | Црнобело