Стари македонски имиња за девојчиња со убаво значење

Трендовите се менуваат од година во година, но многумина се прашуваат - каде исчезнаа старите македонски имиња? Неколку убави стари македонски имиња за девојчиња, и нивното значење.

stari-makedonski-iminja-za-devojchinja-so-ubavo-znachenje-01.jpg

Сѐ почесто по парковите може да се слушнат родителите кои своите ќерки ги довикуваат со кратки и звучни имиња.

Во морето интернационални и необични имиња, некои од постарите имиња паднаа во заборав.

Еве неколку од нив:

Деспина - името е со грчко потекло и означува „господарка, владетелка“.

Луѓето со името Деспина се искрени, креативни и духовно силни. Тие се во состојба да надминат многу тешкотии во животот. 

Евдокија - името е со грчко потекло и означува „боговоление, добра волја“.

Личностите кои го носат ова име се вели дека се пријателски наклонети, односно дека го пренесуваат значењето на своето име „добра волја и благонаклонетост“.

Јаглика - името е со словенско потекло и е добиено од цветот.

Oва име порано им се давало на девојчиња доколку куќата е во жалост, на пример, ако таткото починал пред раѓањето на бебето или ако мајката не го преживее породувањето.

Убавка - името е со словенско потекло и значи убава девојка, а соодветствува на латинското име Pulcheria.

Лицата со името Убавка се чесни, креативни и духовни силни. Способни се да пребродат многу тешкотии во животот.

stari-makedonski-iminja-so-mnogu-ubavo-znachenje-se-poretko-im-se-davaat-na-devojchinjata-02.jpg

Зорица - е старословенско име и потекнува од зборот „зора“.

Се верува дека името Зорица најмногу го добиле деца кои биле родени во зори. Исто така се верува дека овие деца се капеле во утринската роса и со тоа биле заштитени од сите нечистотии, зли сили и непријатели.

Богданка - името е со грчко потекло, а означува „дар од Бога“.

Личностите кое го носат ова име се сериозни, предани и стабилни.

Ѓурѓица - првично потекнува од грчкиот Γεωργός што значи оној што ја обработува земјата или земјоделец.

Луѓето со ова име се одликуваат со храброст. Тие се убедливи и често успеваат во областа што ја одбрале. 

Ружица - потекнува од латинскиот збор за роза.

Луѓето со ова име се благи, нежни и мирни по природа.

Лидија - ова име се смета дека потекнува од антички грчки збор и значи „родено од Бога“.

Жените со име Лидија се опишани како убави, интересни, впечатливи, инвентивни, јасни и автентични.

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg