Места каде се поврзуваат митот и реалностa

Светската митологија е полнa со фантастични царства и кралства кои постојат заедно со нашиот свет. Во многу од нив се вели дека постојат премини, односно влезови за митските локации и другите димензии.

Vlezovi-vo-mitskite-lokacii-niz-svetot-02

Ова се најпознатите влезови во митските царства и димензии низ светот:

Кралството на самовилите

Шумата Knockma се наоѓа во западниот дел на Ирска, а е поврзана со неколку големи легенди. Се вели дека легендарната кралица воин Маев е закопана на ридот во шумата Knockma, а самиот рид е влезот во едно од самовилските царства во Ирска.

Knockma не е само место на легенди. Археолошките ископувања таму пронашле голем број на неолитски локалитети кои докажуваат дека ридот постои уште од 6.000-7.000 година п.н.е.

Vlezovi-vo-mitskite-lokacii-niz-svetot-01


Шамбала

Шамбала во западниот свет е повеќе позната како инспирација за измислениот рај, Шангри-ла. Според будистичката традиција, Шамбала е скриено царство.

Ова утописко царството е исто така, дом на голем воин Gesar, кој ја предводи ордата на праведните. Во Шамбала може да се влезе од одамна заборавени позиции утврдени од Александар Велики, античкиот град Балк, границата со Тибет во Хималаите и долината Sutlej во Индија.

Хајнрих Химлер бил убеден дека Шамбала е дом на Ариевската раса. Да се влезе во Шамбала е потешко отколку што изгледа.

Во согласност со Далај Лама, влезот нема да се појави сè додека не сте во состојба на чистота на исто ниво со мистичниот град. Многу луѓе веруваат дека тоа значи дека влезот не е физичка локација, туку состојба на умот.

Vlezovi-vo-mitskite-lokacii-niz-svetot-02


Yomi No Kune

Yomi No Kune е дел од јапонската митологија. Според митот, сите сме создадени од страна на богот по име Izanagi и неговата божица сестра-жена, Izanami.

Izanami починала раѓајќи го оганот. Нејзиниот сопруг со скршено срце се симнал во подземјето за да ја врати.

Слично како и во други приказни, тој не смеел да ја погледне жена му сé додека не стигнат на површината, но како и многу негови митолошки колеги, тој ѕирнал и го видел нејзиното демонско лице.

Разгневела, дека се осмелил да ја погледне во таа состојба, Izanami ги испратила демоните да го избркаат назад во подземниот свет засекогаш, но тој избегал и ставил печат на влезот на подземјето, односно џиновска карпа.

Денес, посетителите на оваа област можат да ја посетат оваа карпа. Официјалното име на влезот во подземниот свет е Yomotsu Hirasaka.

Vlezovi-vo-mitskite-lokacii-niz-svetot-03


Xibalba

Последното почивалиште на царевите на Маите била Xibalba. Таму можеле да влезат само мртвите чии души се соочиле со серија предизвици.

Постојат неколку различни влезови во Xibalba, а истражувачите неодамна откриле уште еден влез, на полуостровот Јукатан.

Подземните и делумно под вода урнатини се голем лавиринт од пештери кои содржат некои мрачни индикатори за она што Маите го сметале за смрт.

Археолозите откриле 11 различни храмови во пештерите, како и докази за човечките жртви. Постојат и многу артефакти кои биле оставени како жртва за мртвите, керамика, камени резби...

Археолозите во пештерите, исто така, пронашле масивни камени столбови и структури кои биле изградени под вода.

Иако не е јасно дали митот за Xibalba е изграден околу откривањето на пештерите или пештерите само го зајакнале митот, сигурно е дека и двете биле поврзани.

Vlezovi-vo-mitskite-lokacii-niz-svetot-04


Портите на Guinee

Според вуду традицијата, портите на Guinee се поврзани со преминот на духот од животот во смрт. Бидејќи традициите се разликуваат, се разликува и описот на влезот во ова мистично место.

Во Њу Орлеанс guinee се духови кои често се консултираат кога некој треба да умре. Портите на Guinee се портали во тој задгробен живот, а составени се од седум порти.

Духот треба седум дена да поминува низ сите порти, а доколку не успее во ова, постои можност да се врати во светот на живите во форма на зомби.

Некои вуду шамани веруваат дека 7-те порти се наоѓаат во седум различни гробишта во Њу Орлеанс, иако точната локација и нумеричкиот редослед на портите е добро чувана тајна. 

Vlezovi-vo-mitskite-lokacii-niz-svetot-05

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каква би била реалноста ако жените си ги сменат улогите со мажите, низ илустрации Што ако се сменат улогите и жените почнат како (некои) мажи да зборуваат дека мо...
Совети за безгрижно и безбедно пливање за време на менструалниот циклус Не носете влошки додека пливате. Со пливањето се намалува способната на тампонот...
Стари верувања дека некој „фрлил клетва“ на вашата куќа: Лоша среќа, наоѓање чудни предмети Во народот од колено на колено се пренесуваат разни верувања и суеверија. Кои се...
„Јас сум твојата вистинска мајка“ - Клишеа од латиноамериканските сапуници со кои израснавме По 200 епизоди чекате да се открие некоја голема семејна тајна и сиромашната дев...
6 фрази со кои нарцисоидните личности глумат жртви, низ илустрации „Секогаш ме малтретираш“, „Само јас морам да се жртвувам“... Со кои добро научен...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg