Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дел од најголемите пирамидални измами во историјата, од кои луѓето изгубиле милијарди

Пирамидалните шеми не се ништо ново, но стануваат сè подобри во своите измами, па бројни луѓе, вклучувајќи и кај нас, „паѓаат“ на нив со надеж дека ќе допрат до денар повеќе. А, некогаш, последиците од овие измами се и самоубиства…

del-od-najgolemite-piramidalni-izmami-vo-istorijata-od-koi-lugjeto-izgubile-milijardi-001.jpg

Пирамидална шема е измама во која луѓето вложуваат свои пари со ветување за брза заработка.

Обично оние кои се регрутери ги убедуваат луѓето дека со мал влог, не само што ќе си ги вратат парите, туку и ќе ја дуплираат сумата, и тоа без никакви ризици.

Ова, секако, не е точно и иако на почетокот за оние кои инвестирале изгледа како фирмата да е профитабилна, по некое време не само што немаат заработка, туку губат и свои пари.

Пирамидалните шеми се забранети, но секако постојат компании кои успеваат да го заобиколат законот и да заработат со измама.

Затоа, важно е добро да истражите кога некој ќе ви понуди брза заработка, особено ако треба да вложите свои пари.

Во продолжение, дел од најголемите измами со пирамидални шеми:

Madoff Investment Securities

Ова важи за најголемата пирамидална измама во историјата и инвеститорите изгубиле околу 65 милијарди долари.

Фирмата била основана во 1960 година, од страна на Бернард Мадоф.

Мадоф имал мошне добра репутација, редовно донирал во добротворни цели и бил успешен бизнисмен, а дел од неговите инвеститори биле моќни банки, па и познати личности.

Бидејќи самиот бил брокер на Волстрит, инвеститорите верувале дека знае што прави и дека ги инвестира нивните пари на берзата за да им ја зголеми заработката.

del-od-najgolemite-piramidalni-shemi-vo-istorijata-od-koi-lugjeto-izgubile-milijardi-02.jpg

Дури 40 години подоцна се открило дека Мадоф им плаќал на старите инвеститори со парите што ги добивал од новите инвеститори. И, со тоа создал класична пирамидална шема.

За измамата дознале неговите синови кои го пријавиле.

На судењето се открило дека со неговата измама биле оштетeни три милиони луѓе, кои изгубиле милијарди долари.

Поради скандалот, неколку банкари кои му верувале извршиле самоубиство, а се убил и синот на Мадоф кој го предал на властите.

Мадоф добил 150-годишна казна затвор.

del-od-najgolemite-piramidalni-shemi-vo-istorijata-od-koi-lugjeto-izgubile-milijardi-03.jpg

MMM

MMM е најголемата пирамидална шема во Источна Европа, во која инвеститорите изгубиле над две милијарди долари.

Компанијата MMM била основана во 1989 година, од страна на Сергеј Мавроди, брат му и неговата сопруга.

Со седиште во Москва, тие продавале канцелариска опрема низ Советскиот Сојуз.

Првично фирмата била мошне успешна i во 1990-тите станала лидер во својата област.

Но, откако властите дознале дека затајуваат данок, им било тешко да се вратат на нозе.

del-od-najgolemite-piramidalni-shemi-vo-istorijata-od-koi-lugjeto-izgubile-milijardi-04.jpg

Тогаш, Сергеј Мавроди решил да се фокусира на финансискиот сектор и прво пробал да тргува со американски акции, но никој не му верувал за да инвестира кај него.

Па, во 1994 година, создал свои акции и ја почнал пирамидалната шема.

Сергеј ја зголемувал цената на неговите акции секој ден, па новите инвеститори морале да плаќаат повисока сума од постарите.

И, овие пари им ги давал на постарите инвеститори, па тие мислеле дека неговиот бизнис модел е легитимен.

За да им плати на инвеститорите, Сергеј морал да го зголеми бројот на нови инвеститори, а за да ги привлече, нагло ги намалил цените на акциите, па пирамидата се срушила.

Откако соопштил дека веќе нема пари, 50 луѓе извршиле самоубиство бидејќи поради него изгубиле сè.

Тој бил уапсен, а подоцна самиот соопштил дека измамил околу 15 милиони луѓе.

del-od-najgolemite-piramidalni-shemi-vo-istorijata-od-koi-lugjeto-izgubile-milijardi-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg