Дел од најголемите пирамидални измами во историјата, од кои луѓето изгубиле милијарди

Stanford International Bank

Роберт Ален Стенфорд ја скрил својата пирамидална шема зад банка и ги оштетил инвеститорите за 8 милијарди долари.

Во 1983-та, тој продавал недвижнина во Флорида, но го прекршувал законот.

За да ги избегне законите за даноци во САД, ја преместил фирмата на Карипските Острови.

Овде, отворил и банка – Stanford International Bank.

Тој заработувал издавајќи „сертификати за депозит“ и на оние кои ги вложувале парите во неговата банка, им ветувал многу повисока добивка за разлика од другите банки.

del-od-najgolemite-piramidalni-shemi-vo-istorijata-od-koi-lugjeto-izgubile-milijardi-06.jpg

Ако некој се сомневал во веродостојноста на овие „сертификати“, Роберт ги убедувал дека се покриени со средствата што ги поседува банката.

Но, Роберт ги лажирал сите документи за банката, па никој не знаел дека всушност нема пари да ги покрие депозитите.

Па, за да може да им исплаќа на постарите инвеститори, морал да бара нови.

На овој начин, Роберт работел цели 23 години и украл околу осум милијарди долари од луѓето кои вложувале кај него.

Роберт бил уапсен дури во 2009 година, а во 2012-та доби 110-годишна казна затвор.

del-od-najgolemite-piramidalni-shemi-vo-istorijata-od-koi-lugjeto-izgubile-milijardi-07.jpg

Caritas

Caritas е пирамидална шема која измамила половина од населението во Романија.

Основачот на бизнис моделот – Јон Стоика – измамил над 4 милиони луѓе, злоупотребувајќи го тешкиот период со кој се соочувало населението во 1990-тите.

Имено, тој лажел дека неговата компанија има за цел да му помага на сиромашното население.

Поради добрата реклама, многу Романци почнале да вложуваат, а Стоика им ветувал и дека за 3 месеци можат да си ги вратат парите, но и да заработат многу.

Најпрво тие морале да вложат по 50 долари. Потоа оваа сума се зголемила на 100 долари, а можеле да се вложат и 800 долари.

del-od-najgolemite-piramidalni-shemi-vo-istorijata-od-koi-lugjeto-izgubile-milijardi-08.jpg

Фирмата станала мошне популарна и секој втор Романец инвестирал - поради желбата за заработка, но и желбата да им помогне на помалку среќните.

Тој имал и поддршка од некои политичари, што дополнително му ја олеснило измамата.

Пирамидата се срушила за неколку месеци.

Наводно, надлежните биле свесни за измамата на Стоика, но стравувале од граѓански немири доколку вистината излезе на виделина.

Пред да прогласи банкрот, фирмата на Стоика собрала околу 3 милијарди долари од инвеститорите.

Вистината сепак се дознала, но Стоика поминал само 1 и пол година во затвор.

del-od-najgolemite-piramidalni-shemi-vo-istorijata-od-koi-lugjeto-izgubile-milijardi-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...
Морничавата приказна за вистинскиот Ханибал Лектор: Затворен е во подземна стаклена ќелија, изолиран... Британецот Роберт Модсли е затворен во самица над 40 години, по неколкуте свиреп...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg