Тетовчанец – ембриолог во Осло, скопјанец – инженер во Нигерија: Успешни Македонци низ светот кои ја одбележаа 2024 на CRNOBELO
„Почнав како чистач, денес сум директор на брод, таму ја запознав сопругата од Јужна Африка“ - раскажа Младен од Валандово за CRNOBELO.com, a пак Марија (29) од Скопје е сопственичка на салон за нокти во Ротердам - кои успешни Македонци низ светот ја одбележаа 2024 на CRNOBELO.com
Секогаш се залагаме да ги споделиме успесите на нашите сограѓани и што поголем број на публика да слушне за оние кои се наши амбасадори низ светот.
Во 2024 направивме повеќе интервјуа со Македонци кои работат на високи позиции во странство или пак, успеалe да си отворат сопствен бизнис некаде низ светот и да си ги остварат соништата.
Од пекарници и ресторани во кои се служат македонски специјалитети, до Македонци кои се на менаџерски позиции или имаат главна улога во големи болници - прочитајте повеќе за секој од нив.
Кликнете на секој наслов за подетално да ја прочитате приказната на секој од овие успешни Македонци кои беа објавени на CRNOBELO.com во 2024:
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло
Успешни Македонци низ светот: Лорета и Петре Стојановски 45 години имаат свој ресторан во Англија
Семејството Самарџиоски има пекарница на Малта: „Четврт бурек е 3,50 евра, продаваме и готвени јадења“
Дарко Коцев (29) е гајдаџија во Германија: „Свирам на свадби и веселби, заработката е солидна“
Охриѓанката Маринела Кошаркоска е тату-артист во Чикаго: „Од дете цртав уметнички дела и икони, сега тетовирам“
Марјан од охридско Пештани е актер и модел во Унгарија: „Бев на снимање со Ема Стоун“
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





