6 ресторани ширум светот во кои е речиси невозможно да резервирате маса - се чека и по неколку години
Во мал ресторан во Бристол има само осум маси, а ако се јавите сега, ќе добиете резервација дури во 2025 година.
Генерално, резервирањето маса во ресторан се прави ден-два однапред. Во работни денови, на повеќето места не ни мора да резервирате.
Но, постојат ексклузивни ресторани во кои чекањето за маса може да трае и цела година.
Дел од рестораните ширум светот во кои е мошне тешко да допрете до маса, дури и ако сте моќна личност со многу пари:
The Bank Tavern во Бристол, Англија
Локалот не изгледа како нешто ексклузивно, но е еден од најпопуларните ресторани во државата.
Проблемот со закажување е тоа што има само осум маси, кои се букирани до 2025 година.
Наводно, еден период се чекало и по четири години за маса во ресторанот.
А, интересно е што храната не е скапа за стандардите во Англија.
Најпопуларниот специјалитет, кој вклучува месо приготвено на специјален начин, чини околу 20 евра.
Damon Baehrel во Еарлтон, Њујорк
Ако сакате да јадете во Damon Baehrel, ќе треба да чекате до 2030 година бидејќи дотогаш се резервирани сите маси.
Ресторанот нема телефон, а го нема ни на социјални мрежи и единствено можете да стапите во контакт преку мејл.
Внатре, пак, не смеете да фотографирате, поради што се забранети и телефоните.
Јадењето во ресторанот е посебно искуство кое трае пет-шест часа.
Готвачот е сопственик на ресторанот, но и единствениот вработен, а храната што ја приготвува е со намирници од неговата огромна фарма.
Јадењето во овој ресторан чини околу 500 евра од човек.
Sukiyabashi Jiro во Токио, Јапонија
Sukiyabashi Jiro е ресторан за суши во кои има место за 10-тина гости, а го посетиле ѕвезди како Дру Баримор и Барак Обама.
Храната е сервирана како за дегустација и секој гостин може да пробува од најмалку 20 разни видови суши и друга свежа морска храна.
Притоа, гостите треба да следат и некои правила.
Не смеат да фотографираат внатре, не смеат да задоцнат и не смеат да носат силен парфем.
Истовремено, главниот готвач има право да ги избрка гостите кои не се облечени соодветно, односно носат кратки панталони, сандали или обична маичка наместо кошула.
Во ресторанот се резервира само преку телефон, а доколку сте странец во Јапонија, мора да закажете преку хотелот во којшто отседнувате.
Јадењето, односно дегустацијата во ресторанот чини околу 300 евра од човек.