6 ресторани ширум светот во кои е речиси невозможно да резервирате маса - се чека и по неколку години
Chae во Мелбурн, Австралија
Во Chae во Мелбурн, воопшто немате опција да закажете маса, туку целиот систем на резервирање е како лотарија.
Односно, секој месец можете да се пријавите за маса и ако вашето име биде извлечено, ќе добиете резервација.
Ресторанот има место за 72 гости, а месечно се пријавуваат околу 3.000 луѓе.
Храната што се служи во ресторанот е корејска и еден оброк чини околу 130 евра.
Firedoor во Сиднеј, Австралија
Ресторанот Firedoor во Сиднеј прима резервации еднаш во три месеци, а има место за 44 гости.
Храната се приготвува на отворен оган и во фурна на дрва, а се користат сезонски намирници.
Ресторанот има и свои аквариуми за свежа риба.
Цената на храната, пак, се движи од 200 евра нагоре.
Noma во Копенхаген, Данска
Noma во Копенхаген неколкупати е прогласуван за најдобриот ресторан во светот поради уникатните јадења на менито.
Но, веројатно никогаш нема да јадете во овој ресторан бидејќи во 2025 година планираат да го претворат во „лабораторија за вкусови“.
Односно, ќе стане место каде што готвачите ќе можат да експериментираат со храна и нови вкусови.
Сите маси се резервирани за до крајот на 2024 година.
Спирова С. | Црнобело