Купувате оригинал или копија - како да препознаете преку логото на светските брендови?
На оригиналните производи на Burberry, помеѓу црните и белите ленти, има само 2 црвени ленти кои се вкрстуваат под прав агол.
Понекогаш е тешко да се разликува оригиналот на некој производ од неговата копија, особено ако станува збор за квалитетен производ.
Единствениот начин да направите разлика и да дознаете дали навистина купувате оригинал или не, е преку логото на производот, кое е јасно дефинирано.
Погледнете ги следниве 13 производи, кои премногу наликуваат едни на други, а сепак логото е тоа што ја прави разликата помеѓу оригиналот и неговата копија.
Оригиналното лого на Lacoste има четири бои: зелена, црвена, црна и бела. Од 1984 година, устата на крокодилот е црвена.
Логото на Apple е јаболко со „загриз“ на десната страна. Последниот детаљ (гризнувањето) е додаден за да се спречи плодот на јаболкото да се помеша со изгледот на црешата.
-->
-->
На оригиналните чанти Yves Saint Laurent, буквите YSL се испреплетени на посебен начин: буквата S прво поминува под десниот врв на буквата Y, се преклопува со левиот врв и потоа оди зад основата. Врвот на буквата L e под Y, a ја сече Ѕ и поминува над неа во долниот дел.
-->
Логото на производите на Nike изгледа како голема запирка која тргнува од лево и завршува како тенка линија на десната страна - како некој да нацртал знак за „штиклирано“ со пенкало на хартија.
Оригиналните чанти од Louis Vuitton имаат јасен дезен кој се состои од четири елементи: буквите „LV“, темна ѕвезда во светол дијамант, светла ѕвезда и темен цвет во светол круг. Постои и точно определено растојание помеѓу сите овие елементи.
Од 1969 година, црвеното лого на Levi’s има два идентични лака на дното, кои потсетуваат на крило од лилјак.
Продолжува на следната страница...
-->
Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот
Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец
Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Што значи буквата „М“ формирана од линиите на вашата дланка?
Колкупати сте се запрашале што означуваат линиите на внатрешноста на нашите длан...

10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето
„Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео)
Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...

Застарени бонтон правила што никој не ги почитува
Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...