12 најопасни патишта во светот
Замрзнати автопати, кривини и висини од кои ви се врти - вака би ги опишале најопасните патишта низ светот кои не се за оние со слабо срце.
Самиот поглед на сликите од овие 12 патишта ќе ве натера цврсто да го закопчате појасот.
1. Далтон автопатот на Алјаска е ноќна мора за секој патник. Се протега низ густа шума, преку реката Јукон. Овој пат не е асфалтиран и има голем број на знаци за можни одрони и нагли кривини.
2. Автопатот Притви во Непал долг 174 километри е воедно прекрасен и застрашувачки. Нуди прекрасен поглед на Хималаите, но слабата видливост заради кривините го прави посебно опасен. Преоптоварен со сообраќај, склон е и на лизгање на земјата, па затоа се вбројува меѓу најопасните.
3. Мостот на Атлантик патот во Норвешка изгледа како да нема ништо позади кривината. Неверојатната оптичка илузија сепак не е најстрашната работа. Силните ветрови кои го носат океанот и прскаат вода по патот може да има сериозни последици по патниците и возачите.
4. Во источна Русија, Колима автопатот е познат по честите напади од страна на бели мечки врз возачите кои биле заробени во снегот.
5. Хо Ши Мин е пат кој минува низ планини и оризови полиња, а порано служел за снабдување со храна и оружје во текот на Виетнамската војна. Страшното е што околу 80 активни бомби останале скриени во околина на овој пат.
6. Бразилскиот пат на смртта е една голема замка. Околу 300 возачи годишно умираат, губејќи контрола над возилото и превртувајќи се во прашумата 1.100 метри под патот.
Уште 6 страшни патишта на следната страна...