„Една работа што ја слушнав од мојот психолог што ми го промени животот“
„Психологот еднаш ми рече ’Не мора да ги решиш сите проблеми одеднаш. Само почни однекаде‘“.
Не постои личност која нема проблеми, а некогаш за решавањето на овие проблеми ни е потребна помош од експерти.
Психолозите можат да ни помогнат да си ја промените перспективата за проблемите што нè измачуваат поради што и побрзо ќе ги решиме.
Неколку луѓе споделуваат која работа што им ја кажал нивниот терапевт им ја променила перспективата, а со тоа и животот:
„Терапевтот еднаш ми рече ’Не мора да ги решиш сите проблеми одеднаш. Само почни однекаде‘. Ова ми помогна да се ослободам од притисокот да бидам совршен и да се фокусирам на малите чекори.
Оттогаш големите проблеми не ми изгледаат толку застрашувачки‘.
„Мојот терапевт ми рече да ги гледам мојата верзија од минатото и мојата верзија од иднината како две потполно различни личности.
Одлуките што ги правам денес немаат влијание на мене, туку на мојата верзија од иднината.
Па, покажете и љубов и почит на вашата верзија од иднината и не ѝ создавајте проблеми“.
„Никогаш нема да заборавам кога психологот ми рече ’Во ред е да ги чувствуваш емоциите што ги чувствуваш, дури и ако не ти е јасно зошто‘.
Ова ми помогна да се ослободам од потребата веднаш да се ослободам од негативните емоции. Сфатив дека во ред е да имам емоции кои во мигот не можам да си ги објаснам“.
„Еднаш зборував за тоа колку сум загрижена за впечатокот што го оставам кога сум на романтичен состанок.
Терапевтот ми рече ’Толку си фокусирана на тоа дали ќе му се допаднеш на некого, што не ни размислуваш за тоа дали тебе ти се допаѓа таа личност“.
„Терапевтот ми рече ’Депресијата не мора да биде поради тага. Може да потекнува и од гнев кој е потиснат‘. Ова ми помогна да сфатам многу работи за мене“.
„’Твојата самодоверба ќе се менува – некогаш ќе ја имаш, некогаш ќе ја немаш. Но, она што нема да се промени е твоето знаење, твоето искуство, твојата интелигенција.
Овие нешта остануваат и се подобруваат со текот на времето. Не се потпирај многу на самодовербата како показател за тоа дали си компетентен за нешто‘“.
„’Кога ќе донесеш разумна одлука за која си размислувала долго, не е важно како другите ќе реагираат на неа‘“.
Спирова С. | Црнобело