Како изгледале овошјето и зеленчукот во минатото, пред да бидат култивирани?
Знаевте ли дека во минатото бананите имале семки? Како изгледале другите овошја и зеленчуци пред да бидат култивирани?
Калемењето е техника за размножување на растенијата која луѓето ја користат со векови.
Со оваа техника може да се вкрстат разни сорти од некое растение и да се добие ново, со подобри карактеристики.
Благодарение на оваа техника, денес имаме голем дел од овошјето и зеленчукот што ги јадеме секојдневно.
Односно, „дивите“ сорти на некои овошја и зеленчуци воопшто не би биле погодни за јадење без калемење.
Интересно е што и денес постојат диви верзии од овие растенија кои многу се разликуваат од оние култивираните.
Па, како изгледале некои овошја и зеленчуци во минатото?
Лубеница
Горната слика е дело на уметникот Џовани Станчи и е насликана во 17-тиот век.
На неа е прикажан лубеница која драстично се разликува од овошјето што го јадеме денес.
Со вкрстување и калемење, кората на лубеницата станала многу потенка, а внатрешноста на плодот поблага.
Истовремено, денес има и лубеници без семки.
Банана
Се верува дека нашите предци јаделе банани уште пред 10.000 години.
Првите банани што ги јаделе луѓето веројатно растеле во областа на Индонезија, Филипините и Папуа Нова Гвинеја.
Бананите почнале да наликуваат на она што го јадеме денес околу 650 година од нашата ера.
Претходно, тие имале семки, плодот бил пократок и не биле толку благи.
Модар домат
Модрите домати потекнуваат од Кина и Индија каде што биле култивирани во период од илјадници години.
Денес модриот домат е препознатлив по бојата, од која и го добил името на македонски јазик.
Но, во минатото имало повеќе бои, како жолта, а бил и многу помал.
Истовремено, гранките на растението имале и боцки кои денес ги нема.
Праски
Се претпоставува дека праските потекнуваат од Кина и биле култивирани уште од времето на неолитот.
Не можеме да знаеме како точно изгледале праските во тој период, но според дивите праски кои постојат и денес, плодовите биле многу помали, но и многу поцврсти од оние што ги консумираме.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





