Направил своја „Супер Марио“ игра за да ја запроси
Остин Пич и Лорен Вудрик се пар кој ужива заедничкото време да го поминува во видео игри, па решил на интересен и невообичаен начин да ја запроси – преку „Супер Марио“ видео игра која самиот ја направил.
Играта која тој ја креирал ја именувал како „Бизарната авантура на Лол“, а се состоела од сите фази во нивната врска и секоја значајна меморија.
Во еден дел, се прикажува нивниот прв состанок.
Нивното прво патување.
Во последниот дел таа повторно се враќа дома. По 25 минути игра, се појавува неговиот лик и изјавата: „Опасно е да одиш сама – Земи го ова!“ и го извадил прстенот пред неа.
Оваа приказна, Пич ја споделил на Редит очекувајќи дека мал број на луѓе ќе уживаат во неа, но набргу потоа истата станала вирална.