Ситници во домот заради кои делувате како старомодна личност

Далечински управувач во фолија, поткршени садови, старински прекривки... Заради кои ситници во домот делувате како старомодна личност?

sitnici-vo-domot-zaradi-koi-deluvate-kako-staromodna-lichnost-01.jpg

Колку и да не обрнуваме внимание детали, кога одиме некаде на гости, сосема нормално е да забележиме некои работи што се карактеристични за луѓето што живеат таму и кои се слика за нивниот карактер, навики и начин на живот.

Кои ситници во домот многумина не ги забележуваат, а на гостите што доаѓаат би можеле да им пречат?

Износени влечки

Можеби старите и износени влечки вам не ви пречат и ви се удобни, но гостите нема да се чувствуваат пријатно ако им дадете да ги облечат.

Добро е да имате нови влечки што ќе ги чувате само за гости, затоа што нудењето на вашите износени папучи не само што изгледа некултурно, туку е и нехигиенски.

sitnici-vo-domot-zaradi-koi-deluvate-kako-staromodna-lichnost-02.jpg

Остатоци од сапун во бањата

Не дека не сте купиле нов сапун, но едноставно сте заборавиле да ги исфрлите остатоците од стариот и ги чувате на купче со садот за сапуни.

Но, запомнете дека оваа навика делува невкусно и неуредно.

sitnici-vo-domot-zaradi-koi-deluvate-kako-staromodna-lichnost-08.jpg

Старински прекривки на креветот

Никому нема да му се допадне постојано да внимава да не ви ги растури прекривките на креветите или да мора да станува за да ги намести.

Денес постојат голем број средства и алатки за чистење мебел, па понекогаш полесно е да го одржувате платното на троседот и фотелјите, отколку постојано да перете прекривки.

sitnici-vo-domot-zaradi-koi-deluvate-kako-staromodna-lichnost-03.jpg

Распукани садови за готвење

На сите им е јасно дека 80-годишните баби тешко се разделуваат од своите распукани тави и тенџериња, но од млади домаќини никој не очекува ручекот да го послужат во дотраено тенџере или тава.

sitnici-vo-domot-zaradi-koi-deluvate-kako-staromodna-lichnost-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Фигури во форма на слон – Каде треба, а каде не треба да стојат во домот? Слоновите треба да бидат сместени во северниот дел од просторијата и секогаш да ...
9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите Стари тегли во кои вашите баби чувале зимница, весници од пред неколку години, п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg