Ситници во домот заради кои делувате како старомодна личност

Пукнати и скршени садови

Во минатото садовите биле скапи, па јасно е зошто повозрасните луѓе тешко се разделуваат од нивните прастари испукани искршени садови.

Денес садовите се достапни насекаде по релативно евтини цени, па затоа никому нема да му биде јасно зошто кафето му го послужувате во распукан филџан.

sitnici-vo-domot-zaradi-koi-deluvate-kako-staromodna-lichnost-07.jpg

Стара метла (наместо модерна четка)

Денес може да најдете четки што можат да го соберат и најситното ѓубре од подот. Зошто тогаш би чувале стара метла во домот, која често знае да се распаѓа и да создава ѓубре додека чистите?

sitnici-vo-domot-zaradi-koi-deluvate-kako-staromodna-lichnost-06.jpg

Стари (искинати) кујнски крпи

Во секоја кујна има крпа, но таа треба да биде чиста и испеглана, а не да изгледа како да поминала низ три светски војни.

Може да се убедувате дека старите партали се одлични за бришење, но зошто би го правеле тоа кога во маркетите и пазарите има евтини кујнски крпи?

sitnici-vo-domot-zaradi-koi-deluvate-kako-staromodna-lichnost-04.jpg

Избледена постелнина

Иако ви се чини дека никој нема да ви ја забележи постелнината, старите и избледени чаршафи и навлаки за перници укажуваат дека не сакате премногу да вложувате во својот животен простор или, пак, дека воопшто не се грижите за сопствената удобност.

sitnici-vo-domot-zaradi-koi-deluvate-kako-staromodna-lichnost-09.jpg

Заштитна фолија на новите далечински управувачи

Во минатото далечинските управувачи беа „чудо на технологијата“ и речиси сите ги чуваа во фолија за да не се оштетат.

Денес може да најдете универзални далечински управувачи во секоја продавница, па никому нема да му е јасно зошто сѐ уште ја чувате фолијата.

sitnici-vo-domot-zaradi-koi-deluvate-kako-staromodna-lichnost-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg