Особини на ментално силните личности, според Сигмунд Фројд
Поминал голем дел од животот зборувајќи за лошите навики што ги избегнуваат ментално силните луѓе, а тој верувал дека таквите луѓе се надарени со одредени квалитети.
Австрискиот невролог Сигмунд Фројд целиот живот го поминал проучувајќи ги човечките чувства и што е она што ги предизвикува.
Тој е основач на психоаналитичката школа за психологија, поради тоа го носи и името татко на психоанализата.
Фројд е најпознат по неговите теории за несвесниот ум и механизмите за заштита од потиснување и по создавањето на клиничкото применување на психоанализата за лекување на психопатологијата со помош на разговор помеѓу пациентот и психоаналитичарот.
Тој ни остави генијална мудрост и многу од неговите цитати, поуки и изреки можат да ни помогнат во моменти кога сме надвор од колосек.
„Запознавањето себеси и ослободувањето од стравот е клучот за реализација“ - Според Фројд никогаш не треба да го правиме она што другите го очекуваат од нас, туку она што ние го сакаме и што нè прави вистински среќни.
Само ако се слушаме себеси можеме да го достигнеме нашиот целосен потенцијал, рече Фројд.
Животот е постојано учење
Според Фројд само оние кои ќе сфатат дека животот е постојано учење се ментално јаки луѓе.
Силните личности никогаш не престануваат да учат и постојано работат на свое надоградување, бидејќи човекот не смее да остане на едно исто ниво целиот свој живот и да нема амбиција за да расте и да се надоградува на кое било поле.
Нема каење
Животот е во наши раце, а според Фројд само тие кои ќе се трудат да го остварат она што го сакаат, ќе успеат во животот и ќе станат ментално јаки.
Стабилните и силни личности едноставно нема да се жалат и да го поминуваат животот чекајќи промена.
Непотребни конфликти
Луѓето со самодоверба, ментално јаките личности и оние кои имаат доволно самопочит, никогаш не влегуваат во непотребни расправии.
Според Фројд вистината не се раѓа во спорови и конфликти, па поради тоа треба да се избегнуваат празните расправии и бескомпромисното наметнување на лично мислење.
Едноставност
Внатрешниот мир кој го чувствуваме е најголемиот знак дека сме ментално јаки личности. Фројд верувал дека колку човекот е поинтересен и покомплексен, толку е поедноставен неговиот внатрешен свет.
В. К. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





