Тротинети на аеродром, посебни панталони за хигиенски навики кај деца – Работи што ги има во светот, а ги збунуваат туристите
Дали знаете дека во Холандија можете да си купите домашно млеко од „млекомат“? А, дека во одредени тоалети во САД има и апарати со течност за плакнење уста? Кои се некои од најинтересните работи што туристите ги забележале на патувањата?
Колкупати ви се случило да отпатувате некаде и да останете збунети од некои навики што на локалците таму им се вообичаени, а за вас се нешто сосема необично?
Корисниците на Редит споделуваат фотки од своите патувања и од она што имале можност да го видат таму.
Некои се изненадени од интересните решенија што постојат за различни проблеми во светот, но и од тоа како начинот на живот на локалното население условил истите да бидат воведени.