Убавини: Тетоважи нацртани како со водени боички
Тетоважите кои изгледаат како уметност направена од водени боици се стил на тетовирање кој го практикува Ондреј Конупчик од Чешка. Тој е познат не само по уникатниот сил на тетовирање туку и по фактот дека прима само по еден клиент дневно.
„Не беше задоволен со мојот одговор на прашањето што ти е значењето на оваа тетоважа“ – напишал еден од клиентите.
„Му требаше приказната која стои зад тетоважата, но немав такво нешто. Ме праша која е мојата животна приказна и да му кажам нешто повеќе за мене, а потоа направи нешто сосема поинакво и далеку подобро од оригиналната идеја“ – додал тој.
„Работам со еден клиент на ден за да се посветам на секоја тетоважа“ – вели Конупчик.
„Сакам да цртам директно на клиентот, бидејќи така линиите перфектно се согласуваат со неговите облини. Исто така, сакам однапред ја знам какви се чувствата и искуствата на клиентот за да бидам подготвен“.
Би можело да ве интересира:





