8 работи кои паметните луѓе никогаш не ги прават: Дали сте меѓу нив?

Прашањето на кое никој не може да даде дефинитивен и точен одговор е токму ова - што ги прави паметните луѓе толку паметни и ги издвојува од останатите?

8-raboti-koi-pametnite-luge-nikogas-ne-gi-pravat-dali-ste-megu-niv-01.jpeg

Дали тоа е количината на информации кои може да ги запаметат? Или натпросечната интелигенција? А можеби сепак се работи за начинот на кој ги донесуваат одлуките во важните моменти?

Повеќето луѓе ќе се сложат дека одговорот е некоја комбинација, но постојат неколку работи кои паметните луѓе дефинитивно никогаш НЕ ги прават.

1. Не се расфрлаат со пари

Не се работи за скржавци кои штедат на се и сешто, туку за луѓе кои знаат да го разликуваат она што е важно и неопходно од она неважното. Тие не трошат пари на предмети кои им го привлекуваат окото, а немаат конкретна цел. Никогаш нема да ги видите како купуваат 10 украси или седми пар идентични фармерки како претходните.


2. Не се потпираат на другите и на среќата

Не постои ништо лошо во тоа да се потпрете на пријателите и колегите, но тоа не значи дека треба да сметате дека тие ќе ви го решат секој проблем само затоа што се дружите. Паметните луѓе се самостојни, сами си бараат решенија за своите проблеми и не ги оптоваруваат другите.


3. Не ги обвинуваат другите за своите грешки

Некои идеи може да изгледаат генијално, но кога ќе се спроведат на дело, излегува дека не се ништо посебно и корисно. Паметните луѓе не се оптоваруваат со тоа, туку учат од грешките. Што е најважно, никој друг не е виновен за истите.


4. Не дозволуваат минатото да ги кочи

Она што им се случило во минатото, паметните луѓе го оставаат таму.


5. Не се откажуваат од своите идеи заради другите

Паметните луѓе никогаш нема да се откажат од своите планови затоа што на другите не им се допаѓаат. Ако се уверени дека тоа што го сакаат е во ред, ќе одат кон својата цел без оглед на туѓите мислења.


6. Не се преценуваат

Сосема е нормално да бидеш свесен за своите способности и да се чувствувате добро заради тоа, но паметните луѓе се свесни дека преценувањето може само да им наштети.


7. Не се лажат самите себе

Овие луѓе никогаш нема да си кажат дека нешто ќе помине само од себе, доколку разумот не им го вели истото. Тие размислуваат со ладна глава пред да одлучат. Само така не се лажат и залажуваат.


8. Не ризикуваат без потреба

Паметните луѓе никогаш не дозволуваат да изгубат нешто вредно заради ситно задоволство. Тие преземаат ризици, но само тогаш кога се исплати.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg